Од родителите наследив куќа во еден град во Швајцарија, имам 25 години, немам девојка и страв ми кога сум сам

0

Моите во Швајцарија дојдоа кога бев многу мал. Татко ми по потекло бил од таму, ама некое време живеел во Македонија и така се запознал со мајка ми. Не се сеќавам многу на детството, само знам дека немав многу другарчиња.

Многу се срамев и во почетокот не го разбирав јазикот, па сите ме гледаа некако чудно. Не ме напаѓаа ниту нешто лошо ми правеа, ама никој не се обидуваше да ми се доближи ниту да си игра со мене.

Во училиштете беа строги правилата, па од мал сум научен на строга дисциплина. Научив да си бидам доволен сам на себе.

Кога имав некаде околу 16 години моите се разведоа, а јас останав да живеам со мајка ми. Татко ми замина да живее во друг град и многу ретко се гледаме, само по телефон контактираме понекогаш.

Кога зедов возачка дозвола ми купија кола, па некако оттогаш сум друг човек. Често седнувам во кола и доаѓам во Македонија. Сакам да си ги посетувам роднините и некако тука кога ќе дојдам многу ми е убаво. Се чувствувам поопуштено, полесно стекнувам пријатели. Овде има повеќе забава и дружење.

Еднаш, кога бев посета во Македонија, на враќање застанав во Дубровник на неколку дена за да одморам и прошетам.

На четвртиот ден мајка ми се јави загрижено, зошто сум се задржал и не сум се вратил навремено. И објаснив дека сакам малку да одморам, но таа инсистираше да се вратам итно зошто имала нешто многу важно а ми каже, а не било за по телефон.

Кога конечно стигнав, таа ми соопшти дека веќе подолго време се гледала со некој човек и дека сака да се омажи за него.

Но, дека јас нема да живеам со нив. Ќе сум останел сам во станот, а таа ќе заминела во друг град. Веќе бев голем, ама сепак почувствував тага кога ми кажа дека ќе се разделиме.

Јас веќе имав работа и можев да си дозволам да ја плаќам киријата на станот, ама мајка ми ми’ беше тука единствена пријателка. Се осетив како да сум останал сам на светот.

По неколку години, се јави татко ми да ми соопшти дека добил куќа во наследство, ама дека таа куќа сакал мене да ми ја подари.

Куќата се наоѓа во едно зафрлено студентско гратче, убава е, на два ката, со посебни влезови. Малку е стара и трошна, ама на лик е убава и има голем двор за одржување.

Јас имам 25 години, немам девојка сега за сега, па се преселив сам во таа куќа. Не е дека верувам во духови или така нешто, ама право да ви кажам некако ми е страв откако влегов во куќата. Навечер слушам чудни звуци, крцкање, тропкање, како некој да гребе по даските…

Не знам, се надевам дека не сум полудел. Со текот на времето се навикнав на звуците, ама уште го имам тоа непријатно чувство.

Еднаш додека бев во градот, покрај улицата проаѓаа двајца кои студираат овде и ги слушнав како зборуваат на српски, дека бараат стан за смештај и не можат да најдат. Некако веднаш срцето ми се израдува, па без размислување ги повикав и им реков дека едниот кат од куќата ми е слободен.

Им реков дека треба само да ја платат струјата за цела куќа, а кирија не мора да плаќаат. Тие се сложија и месечно ја плаќаат само струјата, што и не е така евтино, ама поевтино е отколку да плаќаат цела кирија. Тие се брат и сестра.

Кога се враќам од работа, за себе ќе си купам пица или нешто слично и секојпат и за нив земам. Знам дека овде студентите и немаат баш некоја пара.

Кога си купувам за себе нешто или за куќата, секогаш ја земам и неа со мене да ми помогне во изборот. И велам нешто да му одбере и на братот, дека јас сум самец и не знам што со парите. Не дека имам премногу, ама за разлика од нив имам доста. Па така им купувам и на нив маички, џемперчиња, сок, храна…

Тие секогаш мене ме викаат кога ќе сварат грав или некое друго јадење. Со текот на времето станавме како семејство. Тие се сега моите брат и сестра. Ме почитуваат и јас нив ги почитувам. Не сум веќе сам и не ми е страв.

И.П. Фото: Илустрација

Авторски текст, не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама.

Претходна статија(ФОТО) Македонската актерка откри какво изненадување подготвува
Следна статијаСи го оставив дечкото за да се омажам за побогат во Австралија, ама бев излажана, сега живеам во беда и раѓам деца