Милошоски пријавен за 27. Април – Костадинов му порача да си спреми адвокати

0

Група граѓани бараат од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да испита која е улогата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски за време на упадот во Собранието на 27 април.

Во барањето адресирано до Обвинителството со кое раководи обвинителката Вилма Русковска, пишува дека иако има пресуди за овој предмет, не се опфатени сите лица кои биле инволвирани.

Тие велат дека треба да се земе во предвид и изјавата на пратеникот Крсто Мукоски, кој од собраниската говорница кажа дека Милошоски и давал насоки на насобраната толпа каде да се движи. Со поднесокот се бара и Обвинителството да го повика на распит Мускоски, за да каже каква улога имал Милошоски на критичниот ден.

„Имајќи ја во предвид изјавата дадена од страна на пратеникот Крсто Мускоски, кој јавно посочува дека сега пријавеното лице Антонијо Милошоски од Скопје, насобраната толпа од граѓани ја упатувал да изврши лик видација на Зоран Заев, може да се заклучи дека Милошоски јасно посочувал кој треба да биде лик види ран, односно која е целта за влегувањето во Собранието“, пишува во претставката до која дојде „А1он“.

Поднoсителите на претставката бараат од Русковска проширување на истрагата за упадот во Собранието, со цел да се казнат сите сторители на кривични дела, бидејќи во спротивно, како што наведуваат, неказнетите ќе добијат поголема сила и ќе се сериозна закана за функционирање на правната држава.

Со претставката адресирана до ОЈО-ГОК се кривичен прогон против Антонијо Милошоски и Никола Груевски за сторено кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок.

Портпаролот на СДСМ, пак, Костадин Костадинов на Милошоски му порача: Наместо да прави драми, Милошоски да спреми добри адвокати затоа што ќе му требаат

„Имавме можност од собраниска комисија да го слушнеме материјалот, ние го повикавме еве јас лично од собраниска говорница го повикав поранешниот колега Антонио Милошоски да ги достави сите материјали којшто ги има до Обвинителството, гледам дека тоа и го направил.

Тоа е начинот на којшто треба да функционираат работите, јас сум цврсто убеден дека не станува збор за никакво компромитирање на претседателот на партијата, напротив би рекол дека станува збор за сериозен страв и паника кај поранешниот колега Антонио Милошоски по донесувањето на Законот за Јавно обвинителство. Знаете во Собрание човекот беше избезумен, што ли не реплицираше, кави ли не се лаги фрлаше од собраниска говорница.

Знаете станува збор за човек којшто имавме можност како граѓани да го слушнеме како го договара името по телефон, имавме можност да слушнеме како договара лустрација само заради тоа што некој човек не му бил нему симпатичен“, одговори портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, на новинарско прашање.

Претходна статијаОткриено колку пари и дава Роналдо на Георгина месечно за да му ги чува децата
Следна статија(ФОТО) Српските пејачи Аца Лукас, Зорица Брунцлик и Карлеуша на роденден кај македонската фолкерка