Доцна синоќа се огласи Мизрахи од собраниската говорница: Јас сум горда Еврејка од Македонија

0

Оваа преодна, техничка влада, несомнено ја одбележа техничката министерка за Труд и социјална политика, Рашела Мизрахи. Од првиот ден на нејзиното министерување, таа се соочи со напади од владеачката партија, но и дел од јавноста.

Дел од тие напади, можеби беа и испровоцирани од самата Мизрахи, свесно или несвесно. Сепак, чашата кај владеачката партија ја прели нејзината одлука да застане пред табла со старото име, Република Македонија и така да одржи прес за новинарите.

Многумина оваа нејзина постапка ја оценија како ефтин популизам, но реакции стигнаа од Грција, која посочи на прекршување на договорот од Преспа.

Поранешниот министер за надворешни на Грција, Никос Коѕојас побара на Мизрахи да и биде забранет влез во земјите членки на ЕУ, додека нашиот министер Димитров, веднаш побара Мизрахи да биде разрешена.

По сето ова, Премиерот на техничката влада, Оливер Спасовски и официјално побара нејзино разрешување од пратениците во собранието.

При расправата за нејзино отповикување, доцна синоќа, свое обраќање имаше Рашела Мизрахи. Еве што таа изјави:

-Јас сум Рашела Мизрахи, горда Еврејка од Македонија. Вака техничката министерка го заврши своето излагање во врска со предлогот од техничкиот премиер, Оливер Спасовски за нејзино разрешување.

Таа рече дека е жално што пратениците од власта заборавиле на историјата на Македонија, но дека е горда што била министер во преодната влада во тешка ситуација во која е Македонија, но и било чест за направи нешто за гражаните.

Претходно Спасовскии образложи зошто предложил таа да биде разрешена.

-Несериозно е со Уставот да се играат играчки – кога некому му одговара, да го почитува, а кога треба да добие партиски интерес да го погазува. Ги повикувам членовите од преодната Влада со интегритет да ја извршуваат фунцкијата, да ги почитуваат законите и да го дадат својот максимален придонес во овие исклучително важни услови за земјата, рече Спасовки.

Спасовски изрази надеж дека ВМРО-ДПМНЕ ќе покаже демократски капацитет и ќе предложи нов кандидат за министер.

-Побарав Мизрахи да биде разрешена по серијата нејзини настапи на кои грубо ги прекрши законите кои го уредуваат уставното име на земјата. Во Владата не го корегираше ова свое однесување. Секој треба да ги почитува Уставот и законите, а институциите мора да функционираат беспрекорно, нагласи премиерот.

Нашата држава, потенцира, е во многу значаен период кога треба да се организираат фер, демократски избори и да се завршат активностите за членство во ЕУ и НАТО. Затоа, да направиме сé за да дадеме што повеќе позитивни аргументи за да добиеме датум за почеток на преговорите.

Претходна статијаПоучна приказна: Доброто со добро се враќа – донирал 2 долари во живо на ТВ, а потоа станал богаташ
Следна статијаКостадин ги подбра Ѓорчев и Милошоски: Истиот ли е овој Влатко што скокаше од место завчера за НАТО