Луна Џогани, победничката на втората сезона на „Задруга“, неодамна ја раскина својата врска со момчето Марко Миљковиќ. Имено, тие врската ја започнаа во „Задруга“, каде што раскинаа, а потоа повторно се смирија и ја обновија врската. По разделбата, Луна се огласи дека се случило во два дена.
„Беше се совршено, но, ете се случи се во два дена. Не знам што да кажам“ изјави Луна.
По излегувањето од „Задруга“, Луна започна и музичка кариера, сними песни, а за таа прилика неколку пати доаѓаше во Скопје во студиото на Дарко Димтров кој е продуцент на песните.
Исто така, Луна своите први настапи ги имаше и во Македонија, па многу често може да ја видиме во нашата држава. Меѓутоа, сега српските медиуми пишуваат дека Луна има момче во Скопје.
На насловната страница на „Paparazzo“, стои наслов: „Луна има момче во Скопје, Анабела ги споила“, а за што станува збор може да прочитате во новиот број на горенаведниот магазин.
Пред неколку дена Луна Ѓогани (23) и Марко Миљковиќ (36) ставија крај на нивната љубовна романса, а по гласините дека раскинале поради пари, се огласи Луна.
Таа тврди дека парите никогаш не биле клучни во нејзината врска со Марко, но дека раскинувањето е најдобрата опција за двајцата.
– Морам да одговорам за пишувањето за Марко и за моето раскинување. Во нашата љубов, парите никогаш не биле клучни. Раскинувањето нема никаква врска со недостаток на љубов, пари или слично, ние едноставно решивме дека така е подобро – изјави Луна за српски „Ало“.
За Пинк таа изјави дека порано верувала потајно дека по секја караница ќе се смират, но дека сега не чуствува ништо.
– Премногу се повредивме за да може работите да се вратат како порано, изјави Луна.