Машина за мелење месо и ги потфати прстите на вработена во Рамстор

0

Вработена во маркет на Рамстор Капитол синоќа се здобила со повреда на прстите на едната рака при чистење машина за мелење месо. Од компанијата информираат дека е повикана Брза помош, екипа за Противпожарна заштита, полициската служба и бил известен Државниот инспекторат за труд.

– По кратката и брза интервенција, вработената во имобилизирана состојба е пренесена во Ургентниот центар при Клиничкиот центар во Скопје и во текот на ноќта и е извршен хируршки зафат. По зафатот сите прсти на повредената рака се зачувани и се следи процесот на опоравување, наведуваат во соопштението.

Највисокото раководство на Рамстор го следи случајот и најавува дека ќе продолжи да прави се што е потребно за да и се помогне на вработената и нејзиното семејство да истата се опорави во целост.

Извор: Фокус

Претходна статијаСи ја силувал ќерка си со години и добил шест деца а потоа злоставувал и едно од нив
Следна статијаСкопјанец на работното место вчера бил пречекан од ,,метак”