Германија? Живееш од понеделник до петок, си доаѓаш дома и пак на работа

0

На автобуската станица во Томиславград се наоѓа споменик на гастербајтери. Тука започнува и приказната за младиот Марко Багариќ.

Како и голем број негови врсници, така и Марко по завршувањето на средното училиште заминал во бел свет да спечали нешто пари. Така завршил во Германија.

Сепак, според сите сведоштва од нашинци кои заминале на печалба таму, Германија не е земја на дембили и мрзливци како што некои така си ја замислуваат, туку таму е потребно да се работи и тоа доста.

И тоа многу, многу повеќе отколку што се работи во било која држава од Балканот.

После половина година помината во Минхен, Марко сфатил дека таму нема среќа, па се вратил во Томиславград.

“Ја живееш работната недела од понеделник до петок, сконцентриран само на работа, па доаѓаш дома на спиење и будење и пак на истата работа. Петок, сабота и недела излегуваш. Ама живееш од плата до плата”, разочарано раскажува Марко.

Претходна статијаМу ставила отров во кафето – Струмичанка се обидела да го убие сопругот на подмолен начин
Следна статијаСите ми викаа дека носам рогови, а јас не им верував, сега не знам со децата што да правам