Го напушта шоуто – Јелена Карлеуша не се враќа повеќе во „Ѕвездите на Гранд“

0

Почетокот на оваа година Јелена Карлеуша ќе го памети по лоши и и негативни работи.

Имено, на почетокот на годината таа се најде во голем скандал кога во медиумите се најдоа експлцитни фотографии кои наводно ги праќала на босанскиот фудбалер Огњен Врањеш.

Со месеци беше главна тема во сите медиуми и нејзината афера со фудбалерот.

Од друга страна, на 3 март засекогаш ја напушти нејзината мајка Дивна Карлеуша со која пејачката беше многу поврзана и која и беше најголема поддршка.

По заминувањето на Дивна, Карлеуша се повлече во медиумска илегала и никаде не се појавуваше, дури не беше дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“.

Наместо неа се најде нејзината пријателка и која и помага со кандидатите Ивана Петерс.

Фолк-ѕвездата Јелена Карлеуша по пауза од речиси еден месец минатата недела се појави на снимањето на емисијата „Гранд специјал“.

Сепак, пред крајот на емисијата пејачката откри дека веќе нема да биде дел од „Ѕвездите на Гранд“. Таа на своите кандидати им рече дека ја имаат Ивана Петерс, која е одличен музичар.

„Само да им кажам на моите кандидати, јас неверојатно нема да бидам тука за вас. Но тука е мојата драга Ивана. Јас знам дека ги одбрав најдобрите, дека ќе стигнеме до финале и знам дека имаме победник, го чувствувам тоа“, им рече Карлеуша.

И покрај нејзината изјава, од продукцијата рекоа дека се надеваат дека Јелена ќе се премисли и дека ќе се врати како ментор на своите кандидати барем за финалето.

Претходна статијаЛедена кралица – Пред оваа жена сите мажи паѓаат на колена
Следна статијаВонредна временска прогноза: Циклонот „Кристијан” доаѓа кон Македонија