Тие се родени за постојано да се стремат кон баланс во животот. Тоа е клучна реченица за нив, со која го држат под контрола својот живот. Тие се мирољубиви и правични и мразат да бидат сами. Имаат победнички менталитет и не ги сакаат поразите.
Оваа дама е олицетворени на праведност и рамнотежа и ја краси совршена способност за проценка, беспрекорност и целосност. Таа е друштвена, има дарба за комуникација и сака да биде опкружена со пријатели и семејство. Таа е харизматична и магична и поради тоа со леснотија привлекува луѓе околу себе.
Таа е ВАГА!
Вагата е знак во кој Сонцето заоѓа, во кој сѐ полека се смирува и стишува. Овој знак има многу мирна енергија. Вагите самите по себе навидум се мирни, но ги следи стереотипот дека се неодлучни и дека постојано се премислуваат.
Иако обожава да дебатира и да се надмудрува, чесно знае да признае кога ќе згреши. Таа бара цврста врска и партнер кој ќе ѝ подарува внимание преку ситници. Иако делуваат смирени и балансирани, овие жени можат да бидат многу страствени и романтични, а идеалниот партнер ќе го најдат во мажот Водолија или Близнаци. Но, умствените игри се строго забранети кај оваа жена.
Таа искрено ќе каже кога нешто не е во ред, а тоа значи дека знае да биде и болно искрена. Таа е лојална кон својот партнер, а за возврат бара само поддршка и совети. Обожава заведување и шепотење на перница.
Понекогаш знае да биде неодлучна, а нејзините пријатели се нервираат поради тоа. Но, тоа истовремено е добро поради нив, затоа што таа секогаш ќе внимава и на нивните желби и потреби кога носи одлука. Жената Вага е срдечна и љубезна, сака да запознава луѓе со кои дели слични интереси. Нераскинливо пријателство сигурно ќе доживее со некој Стрелец или Лав.
Ќе ја препознаете по нејзината елеганција која се забележува во секој нејзин гест и движење. Таа е совршено природна, грациозна и само своја. Има правилни црти на лицето, широка насмевка, убави заби, виток струк и нагласени колкови. Оваа жена е перфекционист и секогаш е средена и има уредна фризура.
Сака мода, но нема слепо да следи трендови, туку ја прилагодува модата на себе и својот стил. Не сака да претерува со модни детали, а највеќе сака чанти и чевли.
Модните икони родени во овој знак се: Моника Белучи, Кејт Винслет, Кетрин Зета Џонс…
Жените родени во овој знак се помеѓу најубавите жени во Зодијакот. Тие секогаш се убаво облечени и нашминкани и тоа најчесто во пастелни бои. Чувството за убавина им е нагласено и многу им е важно околу нив се да биде убаво. Тие не се преголеми оптимисти, но веруваат дека се околу нив треба да изгледа убаво. Партнерот, пријателите, ентериерот… се тоа мора да изгледа убаво за да се задоволи нивната душевна потреба.
Жените родени во овој знак се многу мили и мирни. Имаат нагласени женски црти и лесно го привлекуваат вниманието на мажите. Кога ќе се омажат, добиваат се што ќе посакаат, затоа што знаат како себеси да си ги обезбедат најдобрите можни услови. Како сопруги се многу интересни, секогаш водат сметка се да биде на свое место, децата да бидат средени и секогаш убаво облечени. Тоа се жени кои имаат одлично чувство за правда, па често се занимаваат со право или работат административни работи.
Целиот овој знак се обоен со правда, мир, уметност и мода. Луѓето во овој знак се најдобри адвокати, судии, вајари, манекенки, фотомодели, креатори, дизјанери. Венера им дала многу таленти, но од нив зависи дали ќе ги искористат.
Вагата е единствениот знак во хороскопот кој е претставен како предмети, па тоа значи дека понекогаш се крути и ладни, но од сите хороскопски знаци, тие највеќе знаат да ги ценат и почитуваат луѓето кои ги сакаат.