Милијана и Милојко вечерва велегуваат во реалити шоу, „Парови“откако станаа најпознат пар во региот поради разликата во години.
Мијана има 21година, а Милојко 74 години, додека пак нејзиното семејство е против оваа врска.
Тие за хонорарот кој ќе го добиваат неделно лесно се договориле, а извор близок до продукцијата вели дека се очекувало да побараат повеќе пари.
„Ним им е доволно 1500 евра неделно и тоа и за двајцата.Очекувавме да бараат многу повеќе, но не. Лесно се договоривме“ вели тој.
Двојката за која деновиве зборува цел регион, ја планира својата венчавка на 7 септември, но и покрај тоа што имаат голема желба венчавка да имаат и во црква тоа сепак не е можно поради големата разлика во годините.
Тие не се единствените кои се соочиле со оваа забрана. Српската креаторка Верица и нејзиниот 35 години помлад партнер, иато така, не добиле одобрение за да се венчаат во црква поради разлика во годините.
Според црковните закони разликата во години не смее да биде поголема од 15 години разлика.
Како што пренесува српски „Телеграф“, Милојко ја запросил младата Миљана минатата недела, а свадбата е закажана за септември.