Ова е невенчаниот сопруг на Ана Бекута – Се запознале во 80-те, а го оставила поради колега

0

Ана Бекута веќе десет години е во емотивна врска со поранешниот министер Милутин Мркониќ, а јавноста помалку е запознаена со фактот дека пејачката пред Мрка, љубела само музичари.

Имено, Ана во почетокот на 80- те години го запознала тапанарот Предраг Видовиќ Преја и тоа така што му се јавила на конкурс кој што тој го распишал во потрага по пејачка.

После музичките ангажмани во Германија и Америка, Преја се вратил во родниот Шабац и сфатил дека многу повеќе може да заработи од народна музика, па се впуштил по потрага по пејачка.

На конкурсот се јавила во тоа време непознатата Нада Полиќ, а после тоа го добила и уметничкото име Бекута под кое е позната и денес, а самиот бенд е насловен „Анеба“.

Откако почнале со работа почнала да се раѓа и љубовта, па парот во наредните десет години живеел заедно во вонбрачна заедница.

Сепак, љубовта ја снемало откако Ана се зближила со клавијатуристот Слободан Смакиќ кон почетокот на 90- те години, па го напушила Преја и од Шабац се преселила во Белград.

За потсетување, Бекута живее складно со него до 2000 голдина, откако следела и конечна разделба, а среќата ја пронајде со Мрка со кого и ден денес е во емотивна врска.

Ана Бекута и Лепа Брена се дружат веќе со децении, а ретко кој знае дека овие две дами се запозналае на еден културен настан. Имено, Ана во едно интервју за српските медиуми открила дека прв пат со Брена се сретнале на Саем на книга.

Се сеќавам дека тоа беше Саем на книга, и дека ние нешто пеевме, мислам дека беше далечнаѕа 1986 година. Брена ми пријде и ми рече: Те слушав, прекрасна песна, прекрасно пееш, само смеј се повеќе, открила Бекута и рекла дека нејзиниот совет од тогаш па до денес го применува.

Претходна статијаМесец Јули им е особено наклонет само на овие два хороскопски знака
Следна статијаAна Севиќ не остана рамнодушна, веднаш се огласи по обвинувањата дека била неверна