Јована Јоксимовиќ се најде на мета на твитерашите кои ја прозваа поради фустанот кој што го носеше вчера на емисија.
Имено, ова издание на сопругата на Жељко Јоксимовиќ беше наречено „моден инцидент“, а водителката воопшто не се шокирала од ова.
Ако најголем проблем во нашата земја е она што јас сум го облекла, тогаш во исто време тоа и ме радува и ме забавува, рекла Јована.
Водителката и ова утро се одлучила за необична комбинација на панталони и сако во сина боја, а најмногу изненадила со чевлите.
Фустанот кој водителката Јована Јоксимовиќ го облече вчера на Утринската програма на Тв „Прва“, предизвика коментари во медиумите и на социјалните мрежи. Некои го нарекоа „моден инцидент“.
Сопругата на музичарот Жељко Јоксимовиќ избра розов фустан со тантела и со впечатливи црвени детали кои отскокнуваат од него. Јована за „Блиц“ дала шеговиот одговор за тоа колку сите во Србија зборуваат за нејзиниот фустан последниве два дена.
Во неколку наврати, водителката има изјавено дека понекогаш ѝ пречи кога повеќе се коментирта нејзиниот изглед отколку информациите кои таа и нејзиниот колега Срѓан ги пласираат во емисијата.