Кога била млада, Емина Јаховиќ избегала од дома за да се омажи за своето момче.
Емина Јаховиќ на 17 години избегала од дома да се омажи за нејзиното момче Аладин од Нови Пазар.
-Тоа беше детска врска, љубовна, која беше официјализирана. Бевме деца, јас 17, тој 20 години.
Тоа денес не би се нарекла врска, но бидејќи живеев во Нови Пазар така се случи, вели Емина во една прилика.
Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал официјално се разведoa на 6 јуни во Истанбул, по 10 години во брак.
Според турските медиуми, српската пејачка по разводот ќе добие вистинско богатство од својот сега веќе поранешен сопруг.
Турскиот „Хабертурк“ наведува дека познатиот пејач и продуцент Мустафа Сандал на Емина ќе и остави две третини од приходите по продажбата на луксузната куќа во Истанбул. Се шпекулира дека од продажбата на вилата Мустафа ќе заработи најмалку 3 милиони долари.
Покрај тоа Сандал има обврска на својата екс сопруга да и купи куќа во Србија вредна повеќе од 250 000 долари, Емина за алиментација месечно ќе добива по 2800 евра.
Популарниот турски продуцент ќе плаќа и по 938 евра месечно за секое нивно дете, синовите Јавуз и Јаман. Исто така на своите деца тој ќе им го покрива и школувањето како и одморот за што годинашно ќе издвојува по точно 11 257 евра.
Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал претходната година ставија крај на нивниот брак.
На Емина тешко и падна период по разводот, но набрзо влезе во кратка врска со Садетин Сандал.
Имено, пејачката беше во врска со турскиот милијардер, па ја раскинаа врската, па повторно се смири и потоа одлучи да стави крај на нивната романса.
Пејачката Емина Јаховиќ по се изгледа ја заврши љубовната романса за кој сите регионални и турски медиуми пишуваат последните месеци.
Дека нешто не е во ред во нивниот однос, се посомнева секој што ги следи Емина Јаховиќ и турски милијардер Садетин Саран на социјалните мрежи.
Во последните десет дена, двајцата ништо не си лајкуваа еден на друг, што веќе предизвика сомневање дека нешто не е во ред со нив. Дефинитивна потврда за „проблемите во љубовниот рајот“ беше моментот кога Емина не се појави на гала-забавата што нејзиното до сега актуелно, а сега можеби веќе поранешно момче ја организираше.
Да ве потсетиме, Емина деновиве беше со нејзиниот поранешен сопруг Мустафа Сандал, брат и Мирсад и синовите Јаман и Јавуз, заедно во Милано.