Мајката на Јелена Карлеуша која почина пред неколку денови немала големо богатство на нејзино име. Таа поседувала куќа во која живеела и која ќе биде предмет на тестаментот кој наскоро ќе биде отворен.
Како што тврдат пријателите на Дивна, таа сакала куќата да им ја остави на внуките Атина и Ника за да имаат спомен од бабата, бидејќи била свесна дека Јелена и Душко доволно имаат заработено.
Дивна Карлеуша. мајката на Јелена која почина од рак на белите дробови, со години се борела со болеста, а во последните месеци нагло и се влошила состојбата.
Пријателите за српскиот Курир велат дека таа се мачела, дека имала болки, а особено последните месеци пред смртта и било многу тешко, но не сакала да ја натажува Јелена.
Јелена ја водела во сите приватни клиники по светот и на крајт се решила за Турска приватна Клиника. Се што можело, лекови, апарати, витамини, Јелена набавила за мајка си.
Пејачката се уште не може да прифати дека мајка и ја нема.