Мирсад кериќ, музичарот кој почина по страшната несреќа која ја доживеа со кралот на народната музика Шабан Шаулиќ, не требало да биде во автомобилот на смртта.
Клавијатуристот кој зад себе остави сопруга, два сина и ќерка, не требало да оди на настап, но Шабан го замолил да одат заедно.
Неговата сопруга вели дека 17. години работеле и се дружеле со Шабан.
– Не требаше овој викенд да оди на настап, но Шабан го молеше. Само нему му веруваше, а тој прифати, вели неговата сопруга за српскиот Курир која е скршена од болка.
Имено заедно со Шабан во автомобилот кој се движел кон аеродромот бил и неговиот кум Слободан Бобан Стојадиновиќ и музичарот Мирсад Кериќ.
Мирсад возел, а по сообраќајната несреќа лекарите се бореле за неговиот живот, но на крајот безуспешно.
Неговите пријатели се опростуваат од него на социјалните мрежи, а под фотографиите безбројни се тажните коментари.
Музичарот почина во болница и покрај напорите на лекарите.