Саша Поповиќ директорот на ,,Гранд Продукција , кој и даде целосна поддршка на Јелена Карлеуза за експлицитните фотографии испратени до босанскиот фудбалер Огњен Врањеш, откри дека жирито на Гранд се согласи да се воведат нови правила за претстојната сезона, а за Ј.К. и нејзината афера тој нема зборови.
– Никогаш подобри емисии не сме снимиле од сега. Емисиите се фантастични, подобри од сите досега снимени. И што е најважно, жирито се согласи со новите правила кои се толку интересни – рече Саша Поповиќ, а потоа рече дека сите во жирито се сакаат!
Кандидатката Мира Медан, чија менторка е Ана Бекута, излезе во полн елан на сцената да покаже што научила од Бекута. Во негативните коментари како и секогаш предводеше Јелена Карлеуша.
-Жената се допуштила на толкав невкус. Сметам дека со овој фустан, обувки и фризура, себе си даде автогол, бидејќи привлече внимание во погрешна насока. Не си се облекла добро, се тоа кажува на тоатален невкус, и кажа Карлеуша.
Мира и кажа дека се потрудила, но Карлеуша продолжи во ист тон.
-Од каде си ти – праша Јелена, а кога кандидатката и кажа дека е од Требиње, пејачката праша:
-Дали Требиње е на планина, имате ли струја да ги погледнеш социјалните мрежи, и рече Карлеуша.
-Немојте, ве молам, не би сакала да водам ваков разговор. На кого вие му поставувате вакви прашање? Тоа не се прашања за оваа сцена.
Не дозволувам така да разговарате со мене-рече учесничката и побара да ја напушти сцената, Поповиќ и дозволи, додека публиката ја исвирка Јелена.