Нада Топчагиќ без влакна на јазикот: Цеца и Чола 20 години немаат хит

0

Фолк ѕвездата од 80 и 90-те години Нада Топчагиќ во интервју дадено за порталот ало.рс ги откри најголемите естрадни тајни, а не им остана должна и на Цеца и на Здравко Чолиќ.

“ Последниве дваесетина години нема ништо квалитетни на музичката сцена. Да почнеме од Цеца, Жељко, Чола… немаат хит последниве дваесет години. Можда не се 20, ама немаат да понудат ништо квалитетно. На концертите се потпираат на своите стари хитови. Како времето да застанало“ вели Топчагиќ која се осврна и на времето кога не сакал да пее кога Тито бил болен.

“ Тоа беше моја одлука, а тогаш бев популарна како Мајкл Џексон. Другите се “убиваа“ од работа и правање пари, а јас како патриот седев дома“ изјави во интервјуто за ало.рс Нада Топчагиќ.

Нада откри кои свои млади колеги исклучително ги почитува и ја слуша нивната музика, а потоа му се обрати на Дарко Лазиќ и неговите родители.

Пејачката нагласи дека потполно го разбира пеколот низ кој поминуваат членовите на семејството Лазиќ, бидејќи доживеала нешто слично кога нејзиниот син се повредил.

-Јас многу ги сакам Тања Савиќ, Славица Чуктераш, Бане Мојичевиќ. Да не го заборавам Дарко Лазиќ, му праќам поддршка и постојано следам се, имав слична ситуација за мојот син кој се повреди на скијање. Само му посакувам да биде оној стариот, поминувам низ тоа заедно со нив, вели Нада.

Таа истакнува дека музиката која е снимена пред повеќе од триесет години е актуелна и денес, а денешните пејачи имаат предност бидејќи ја поседуваат младоста и во тоа е нивната сила.

Претходна статија-Луѓе, овој човек е најголема ѕвезда во Србија – Медицинска сестра ги открива последните моменти од животот на Шабан
Следна статијаИлда сите ја знаеме: Еве како изгледа другата ќерка на Шабан – мажена е за на познат фудбалер (ФОТО)