По смртта на Шабан се огласи и Цуца: Нека знаат сите дека страдам фото

0

Во тешка сообраќајка вчера загина кралот на народната српска музика Шабан Шаулиќ, во Германија кога тргнал на пат кон аеродром за да се врати дома.

Според пишувањата, Шабан веднаш бил пренесен во болница каде што пејачот доживеал срцев удар и починал.

Неговото семејство, пријателите, колеги, соработници се во шок по овие трагични вести.

Неговите колеги од српската естрада преку социјалните мрежи со емотивни пораки се простија од колегата, а некои од српските телевизии го прекинаа емитувањето на музички емисии.

Од пејачот се збогуваа многу негови колеги, музичари и актери, а меѓу нив е и Ивона Негувановиќ Цуца, која напиша тажни зборови и објави нејзина фотографија.

„Факт е дека сум многу тажна и сакм сите да знаат дека страдам и дека не ми е добро“ напишала Цуца на својот Фејсбук профил.

Потсетуваме дека во медиумите се појавија информации дека таа била љубовница на Шабан.

Претходна статијаКумот на Шабан откри страшни детали од последните моменти на кралот на народната музика
Следна статијаДемант од синот на Мирсад што беше со Шабан: Мојот татко се уште е жив