Цеца, скршена од болка, пристигна во куќата на покојниот Шабан Шаулиќ

0

Пред куќата на Шаулиќ се собраа многу негови роднини и колеги од естрадата. Сите се согласуваат во едно, Шабан беше еден од најголемие и неговото отсуство од естрадата речиси и да не може да биде надоместено.

Неговите колеги преку социјалните мрежи се простија за последен пат и упатија сочувство до неговото семејство.

Неговото семејство и колегите од естрадата не можат да поверуваат на вестите кои пристигнаа од Германија рано утринава.

Куќата на „кралот на народната музика“, Шабан Шаулиќ, кој денес трагично загина во раните утрински часови откако пијан возач, без возачка дозвола, удри во неговиот автомобил, е претесна да ги собере сите пријатели и колеги кои пристигнуваат да им изразат сочувство на членовите на семејството.

Покрај Зорица Брунцлик и нејзиниот сопруг Кемиш, во куќата пристигна и Цеца Ражнатовиќ. Фолк-пејачката е скршена од болка поради целата оваа ситуација.

Не знам што да кажам, во шок сум, претажна сум. Целото семејство и јас занемевме, ова е трагична вест.

Пејач каков што е Шабан треба да почива во Алејата на великаните“, изјави Цеца кога дозна дека пејачот трагично загина во сообраќајна несреќа.

Претходна статијаТајната приказна за најголемиот хит на Шабан Шаулиќ ВИДЕО
Следна статијаУтрешниот ден носи добри вести за близнаците, финансиски бенефит за друг знак – Дневен хороскоп