Утрово во страшна сообраќајка во Германија настрада кралот на народната песна во Србија, мегапопуларниот, Шабан Шаулиќ.
Шабан почина во болница во Германија, а по укажаната лекарска помош им подлегна на повредите од несреќата.
Неговите колеги преку социјалните мрежи се простија за последен пат и упатија сочувство до неговото семејство.
Неговото семејство и колегите од естрадата не можат да поверуваат на вестите кои пристигнаа од Германија рано утринава.
Пред куќата на Шаулиќ се собраа многу негови роднини и колеги од естрадата. Сите се согласуваат во едно, Шабан беше еден од најголемие и неговото отсуство од естрадата речиси и да не може да биде надоместено.
По повод упокојувањето на Шаулиќ се огхласи и неговиот пријател и долгогодишен соработник, Саша Поповиќ:
“Тешко е да се зборува за некого со кого си го поминал поголемиот дел од животот. Тешко е да се упатат зборови за утеха кон неговото семејство, тешко е за сите нас кои го познававме и соработувавме со него.
Замина најубавиот глас на Балканот, заврши Поповиќ во изјава за српскиот портал Телеграф”.
-Тешко ми е да поверувам, бидејќи легендите не умираат!!!Ја користев секоја прилика да ти кажам колку те почитувам и сакам, но немав доволно прилики. Бескрајно ми е жал и нема зборови со кои би опишала колку сум тажна. Многу се радував на заедничкиот концерт во Љубљана, но…, пишува Драгана Мирковиќ.