Марија Шерифовиќ се прости од Шабан: Додека како дете седев во ќошот на ресторанот од мојата куќа во Крагујевац, те слушав и учев

0

Регионалните музички ѕвезди и фановите се во солзи, тага, неверување и шок по веста дека кралот на српската народна музика, Шабан Шаулиќ, трагично загина во сообраќајна несреќа откако пијан возач се удри во возилото во кое беше тој.

Шабан почина во болница во Германија, а по укажаната лекарска помош им подлегна на повредите од несреќата.

Неговите колеги преку социјалните мрежи се простија за последен пат и упатија сочувство до неговото семејство.

Некаде околу 5:30 случајно се разбудив и погледнав во телефон. Не постои адекватен збор да ја опише состојбата на мојата душа додека читав дека повеќе те нема. Од кога знам за себе, знам и за тебе.

Додека како дете седев во ќошот на ресторанот од мојата куќа во Крагијевац, те слушав и учев. па до ден денешен кога пораснав во личност која ја нарекуваше своја најдобра млада колешка.

Знаеш, јас скоро никогаш немав трема. Но, тремата и одговорноста која ја имав онаа вечер кога Ти мене ме повика да ти бидам гостин на концертот во Сава центар -е тоа е трема, тоа е почит и за мене голем знак дека тоа што го правам е вистинското и добро! не тгребаше вака се да заврши.

Упорно велам дека е важно да се остави трага… А ти остави незаборав во нашите срца!

Сега стапот во рака, на чамец и на твојот Дунав во мир! Шабане, нека ти е вечна славата и Благодарам!, се прости и Марија Шерифовиќ.

Претходна статијаПресврт кој ги шокираше сите – Се огласи менаџерот на Шаулиќ: Пејачот не настрадал во самата сообраќајка
Следна статијаМинистерот Филипче му помогна на Садет да ја најде Јасмина