Шабан Шаулиќ загина во тешка сообраќајна несреќа во Германија. Во текот на богатата кариера во медиумите и од публиката беше наречен „крал на народната музика“.
Ѕвездата на народната музика, загина откако во неговиот автомобил, во кој бил со возач и кумот, удрил друг автомобил на патот во околуната на Билефелд во кој пеел
Во германски Биефелт, Шабан имал настап со колешката Теа Таировиќ, а после тоа доживеал тешка сообраќајна несреќа, по кој подлегнал на повредите.
Утрово се појави снимка од последниот негов настап, само три ипол часа пред да згасне неговиот живот. Шабан како да имал некое предчуство, па меѓу песните која ја отпеа беше и:
Шабан ја забавувал публиката, но повеќе пеел тажни песни како: „Одлазиш,одлазиш, рушиш ми сне“ и други кои засекогаш ќе живеат во кафеаните и сега кога него повеќе го нема.
Ова е последна снимка од неговиот настап.
Германската полиција објави официјален извештај од сообраќајната несреќа во која животот го загуби српскиот фолк пејач Шабан Шаулиќ.
-Во неделата утрото, во 06,50 часот ,на патот БАБ A2, во правец кон Дортмунд, во подрачјето на градилиште, се случила сообраќајна несреќа во која првично се регистрирани три тешко повредени лица и едно полесно повредено.
Автомобилот „мазда 6“ , со кој управувал 34 годишен маж Гутерслохер, ударил во возило „сеат ибица“. Возилата се излизале и забиле во банкини. Сите тројца патници во „сеат ибицата“ се сериозно повредени, а 34 годишниот Гутерслохер поминал со полесни повреди.
За повредените веднаш се погрижиле екипи на итната помош, кои ги префрлиле до најблиските болници. Совозачот на „сеатот“ им подлегнал на повредите во текот на утрото во болница.
Истрагата покажала дека 34 годишниот Гутерслохер (34) возел во пијана состојба и без дозвола-пишува во официјалниот извештај од германската полиција.