Александра Пријовиќ оваа тајна ја криела цели 10 години

0

Српската турбо фолк пејачка Александра Пријовиќ на музичката сцена се појави пред 10 години. Таа тогаш имала 14 години и во јавноста се претставувала под друго уметничко име.

Имено, тогаш Пријовиќ се претставувала како Ани. Александра или тогаш позната како Ани, ја снимила песната „Мајко“ и „Боли свака твоја реч“, но голема популарснот стекна по учествувањето на „Ѕвездите на Гранд“.

Набргу Александра престанала да се претставува како Ани, а денес иако го промени презимето во Живојиновиќ, сите ја викаат Прија.

Александра набрзо ќе стане мајка, таа и сопругот Филип го чекаат своето прво дете, а синот ќе се вика Александар.

Српскиот таблоид „Блиц“ пишуваше за деталите од приватниот живот на пејачката пред да стане позната и да почне друг живот.

Според „Блиц“, Александра растела во голема сиромаштија, за што потврдил и нејзиниот дедо.

Тој открива дека Александра останала сама со мајка си кога татко ѝ ги напуштил уште додека била бебе, па не успеала да заврши ниту средно училиште.

Мајка ѝ пеела по кафеани, додека дедо ѝ бил во затвор поради ублиство.

Денес Александра го издржува својот татко, а ги плаќа и долговите на својот дедо. Пејачката има успешна кариера, а наскоро ќе стане мајка.

По еден месечен одмор, Лепа Брена заедно со семејството се врати во Србија, па пејачката проговори за Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ кои го очекуваат првото дете.

„Александра е супер, тоа е нешто најубаво што очекуваме да се случи оваа година“ вели Брена и додава:

„Ние се им препуштаме на родителите, тоа ќе ни биде прво внуче. Ќерката на мојата сестра има две деца, а тие ми недостигаат и секој пат кога зборувам за нив ми кренува солза. Целата љубов ќе биде концентрирана на бебето на Александра и Филип. Мислам дека јас сум во предност бидејќи сум поблиску, на Бежаниска коса. Можеби малку повеќе ќе им чукам на врата“ вели пејачката.

За потсетување, Пријовиќ треба наскоро да се породи, а за име на синот го одбра Александар.

Како што неодамна пишуваа српските медиуми, мајката на Александра ќе се всели кај неа дома за да и помага по породувањето.

Претходна статијаМетеоролозите соопштија кој ден ќе биде најстудено – Бидете подготвени за драстична промена на времето:
Следна статијаСамо еден знак во Зодијакот ја има таа моќ – Родени да го променат светот