Наташа од Практична жена ги изненади сите: Мило ми е што маж ми имал многу девојки

0

Водителката на хит-емисијата во регионот која ние ја гледаме на Сител, Наташа од Практична жена, изјави дека е со широки и модерни сфаќања и дека и се допаѓа што сопругот имал многу авантури со жени.

– Мене ми е важно партнерот да поминал многу пред бракот, за да се смири, истакна таа.

Иако некои не сакаат да слушаат такви нешта за партнерите, таа вели нема проблем со тоа.

Наташа Павловиќ, водителката на популарната емисија „Практична жена“, веќе неколку години е во брак со српскиот продуцент Предраг Павловиќ. Во едно скорешно интервју таа одговараше на приватни прашања, па кажа и за проблемите во бракот. Вели, ги решава со карање и дека кавгите се неизбежни во секој брак.

„Кога имам проблем викам. Тогаш тој знае дека сум навистина лута и дека не можам да се контролирам. Па честопати знае да се повлече и да ме остави да се смирам“, рекла Наташа во интервју за магазинот „Ало“.

Таа во интервјуто додала дека не е многу љубоморна и дека со текот на годините научила да се бори со љубомората.

„Работата му е таква што честопати е надвор од дома, во друштво на убави жени. Одамна не размислувам каде е, оти ќе полудам“, искрено раскажала водителката.

Наташа е поранешна глумица. Родена е во Загреб 1975 година. Пред да се омажи за Предраг, четири години била во брак со глумецот Марко Живиќ. Со Предраг Павловиќ има две деца.

Претходна статијаДенеска е голем празник: Секоја жена вечерва треба да ја каже оваа молитва за среќа
Следна статијаЕден хороскопски знак утре го очекува финансиска добивка – Дневен хороскоп