Музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“ немаша да биде толку возбудлив и интересен, да не беа членовите на жирито.
Секој од нив е посебен и автентичен и секој во својот стил прави одлична атмосфера. Еден од истакнатите членови на тимот на Поповиќ е, секако, Вики Миљковиќ.
Таа открива како таа го поминува своето слободно време, кое го има се помалку и помалку:
– Кога сум слободна сум со сопругот Ташкет и син ми Андреј. “Ѕвездите на Гранд“ ми се како втор дом. Ако не сум среќна, верувајте ми, одамна ќе заминев како другите колеги. Саша е многу професионален, не можам да кажам поради колку седам на црвениот стол, но се исплати.
Исто така, мислам дека имам голем удел во натпреварот, што придонесува за емисиите да не се само натпревар, туку реално шоу. Обострано е, ние имаме многу придобивки што сме во жирито – рече Вики, додавајќи дека Поповиќ одличен шеф.
– Го познавам Саша речиси 20 години и тој работи маестрално. Тој многу добро ги познава умовите, може да чита луѓе и така нè направи толку добро екипа. Оди добро, може да се скараме , но на крај имаме заеднички јазик- рече Вики за српски Ало.рс
На снимањето на првата емисија на „Ѕвездите на Гранд“, Јелена Карлеуша се појавила нервозна и нерасположена.
Пејачката била негатвина, мрзлива, а најголемиот број кандидати останаа без нејзин глас.
„Навистина многу сум нервозна и немам желба да ги коментирам и моите кандидати“ порача Јелена во емисијата.
Меѓутоа, директорот на „Гранд“ побарал пауза и разговарал со пејачката.
„Саша отворено и кажа на Карлеуша како стојат работите. Можеби беше суров кон неа, но мораше така да биде. Тој и кажа: Јелена, разбирам низ што поминуваш, но вака не оди. Или се прибери однесувај се како треба или да направиме пауза во соработката“ изјави извор и додава:
„Таа беше изненадена и само одговори дека ќе се потруди, но, потоа на снимањето покажа дека го разбра неговото предупредување. Јасно и е дека нема да и одговара пауза од „Ѕвездите на Гранд“ бидејќи ова музичко шоу и ја подобри кариерата.Затоа до крајот на емисијата беше многу расположена, повеќе комуницираше, па дури и се смееше“ вели изворот.