Eден од најдобрите пејачи на денешницата Здравко Чолиќ има роден брат.
Се вика Драган и тој ретко се појавува во јавноста.
И додека работата на Здравко подразбира чести гостувања, сликања и интервјуа, неговиот брат Драган е скроз поинаков.
Тој во центарот на Белград држи кабапчилница.
Чола за својот брат е многу поврзан, а љубовта во текот на детството им ја вродиле нивните родители.
-Тие направија се за мојот брат Драган и мене да не изведат на вистински пат и се најдобро ни дадоа на двајцата-рекол Чола за стори магазин.
По смртта на нивната мајка, Здравко и Драган уште повеќе се поврзале.
-Нашите родители направија се за да не изведат на прав пат.
Татко ми ми го купи првиот грамофон, првата гитара и тоа се од една плата, бидејќи мама беше домаќинка-кажал Чолиќ.
Ѕирнете како изгледа неговиот брат во сликите подолу.
Драга пред неколку години наводно го откупил оригиналниот рецепт за познатите сараевски ќебапи, а рецептот му го продал тамошниот познат кебапчија Хоџик.
Иако не сака да се покажува во јавноста, Драган и Здравко се мноу врзани и кога Чола е во Белград, максимално се труди да поминува време со негоивот брат како и со сите членови на неговото семејство.