Конечно се огласи и сопругата на Врањеш – „Знаев за Карлеуша од самиот почеток“

0

Бесна е што пејачката се заканувала на нејзиниот сопруг, но и неговото семејство

Сопругата на Огњен Врањеш, Данијела му ја простила на фудбалерот аферата со Јелена Карлеуша. Да биде ситуација почудна, жената на Врањеш ја обвинува пејачката за целиот скандал кој снимките и фотографиите со нејзиниот сопруг го предизвикаа на целиот Балкан.

Данијела, според тврдењата на извор близок до неа, од самиот почеток знаела и за аферата со Карлеуша, но решила да се прави луда.

Сите семејни пријатели на семејството Врањеш знаат дека тој тој нон-стоп ја изневерува Данијела без пардон. Таа е упатена во скоро секоја негова афера. Па Катарина Грујиќ ја сретна на аеродром во Атина. Пејачката доаѓала кај нејзиниот сопруг, додека таа со ќерката се враќала во Босна и Херцеговина.

И за аферата со Карлеуша знаела уште од почетокот. На почетокот се бунела, но потоа сфатила дека и е најпаметно да молчи и трпи – објаснил изворот.

Тој додал дека Данијела е лута на Карлеуша, бидејќи Огњен само поради неа сакал да се разведе. Исто така е бесна што пејачката се заканувала на нејзиниот сопруг, но и неговото семејство.

Сопругата на Врањеш посебно се разбеснела што „малата од скандал“, после се се дрзнала и неа да ја спомнува јавно.

Јелена во едно од своите писма се заканувала и на сопругата на Врањеш. Тогаш Данијела прв пат пукнала, се јавила на маж и и му рекла: Мене твојата ку*ва ќе ме исселува од земјата? Проклета да е и таа и денот кога се смува со неа. Баш одлепи тогаш – завршил соговорникот.

Јелена Карлеуша синоќа настапи на сцената на МАC и ја претстави новата песна „Лајк“. Пејачката толку издоминира на сцена, што се прераскажува само нејзиниот настап, а нејзината песна е меѓу првите на трендинг.

Пејачката преку настапот испрати јасна порака, која е во склоп со случувањата поврзани со порно скандалот, а денес објави фотографија од вчера во друштво на нејзината колешка Емина Јаховиќ и пријателот Зоран Бирташевиќ преку која испрати јасна порака и ги запали социјалните мрежи.

Дами во црвено и џентламен – напишала Јелена и со тоа порача дека таа пред се е една дама на ниво, и не се грижи за мислењето на луѓето кои не ја разбираат нејзината цена.

Претходна статијаЕлена Ристеска со солзи во очите: Да беше Тоше жив сигурна сум дека ние ќе бевме пар
Следна статијаЈелена Карлеуша никогаш поискрена – се огласи за прв пат по скандалот па доби овации