По долго време конечно се огласи и Јелена Карлеуша: Еве што им порача на сите

0

Денес, поточно пред околу половина час, Јелена Карлеуша се огласи на својот „Инстаграм“. Имено, пејачката сподели видео како пристигнува во „Гранд“, а во описот напиша:

„Болната медиумска хајка не престанува. Намерно е направено зло врз моето семејство. Никогаш никого не сум направила лошо, напротив цел живот го посветив да помогам на другите и животните.

Нека цел Белкан го гледа целото медимско, психолошко, безразумно напаѓање на една жена, нејзиното семејство, чест, основното човечко достоинство – и таа молчи. За крај, ќе апелирам.

Не ставајте ми ги децата на насловна страница. Не ги користете моите деца со желба мене да ми наштетите. Има ли во вас  нешто човечко или сте едноставни монструми кои уживаат во злосторство,насилство, лаги и омраза?“; напиша Карлеуша на „Инстаграм“.

Јелена Карлеуша од Кина објави фотографии од прославата на 34 роденден на Душко Тошиќ, како би им докажала на луѓето дека бракот не и е во криза, но психотерапевт вели дека нивниот говорот на телото го покажува спротивното.

На последните фотографии на кои се Душко и Јелена според нивното држење и погледи се гледа дека меѓу нив нема блискост, љубов, дека владее тензија и дека бракот им е во криза. Меѓутоа, по овие постапки се забележува и дека тие двајцата се подготвени да ја надминат брачната криза – вели психотерапевтот.

Тој верува дека за ситуацијата свесни се и нивните ќерки.

Верувам дека Јелена ги подготвила децата и делумно ги упатила во целата ситуација, бидејќи во денешно време на социјални мрежи невозможно е да се сокрие било што. Овде е проблем што таа може да има криза на идентитет, бидејќи во јавноста се претставува како симбол, а од друга страна е грижлива мајка, што не иде со нејзиниот јавен имиџ, па сега е растргана на две страни.

Кај Душко ми се допаѓа тоа што тој и кон неа и кон ќерките се поставува како заштитник-додал психотерапевтот.

Кога почна целата оваа приказна, сите кои добро го познаваме Душко, му кажавме дека ќе помине, но тогаш излегоа фотографиите, пораките каде таа вели дека го гледа како брат, первезните описи. Вака за „Ало“ ја започнува приказната поранешен соиграч и пријател на Душко Тошиќ, чиј идентитет не се открива.

Наводно, ова била капката што ја прелило чашата и фудбалерот веќе контактирал со адвокат за развод, а најголемата грижа му е што треба да го подели имотот со Јелена Карлеуша и дека можно е во тој имот да спаѓаат и овие 14 милиони евра кои му следат по потпишувањето на договорот во Кина.

Само час време откако на сите можни портали беа објавени фотографиите и пораките на Јелена со тој малиот, ми заѕвони телефонот. Кога видов дека е тој, знаев дека ме бара за да ме распраша за разводот, зошто и јас сум разведен, а мојот одличен адвокат ми помогна да си го сочувам она што го заработив и да си ги осигурам децата. Пријатели сме 10 години, поминавме заедно низ мојот развод и се шегувавме дека еден ден и тој ќе поминува низ ова. Ми рече дека не можи да издржи повеќе, па уште следниот ден се слушна со мојот адвокат, открил другарот.

Претходна статијаСнег во Македонија – на овие места вее во моментов
Следна статијаОва се најновите правила за увоз на половни автомобили