Неочекуван пресврт во аферата Карлеуша – Врањеш: На Огњен жена му ќе му прости се

0

Скандалот, во кој главни актери се Јелена Карелуша (41) и Огњен Врањеш (30) не престанува да ја интригира јавноста, а оваа сапуница сега поприма неочекуван пресврт. Имено, како што се дознава Душко Тошиќ, кој до вчера беше решен да се разведе од невераната сопруга, сега е се поблиску до одлуката, сепак да и прости.

Наводно Тошиќ попуштил откако Јелена ги спакувала куферите и со ќерките се упатила кај него во Кина. Таа со денови прави се за тој да ѝ прости.

Душко со денови рамислуваше за развод. Не можеше да се носи со притисокот на јавноста, потсмевот на луѓето, разните коментари, поради што контактираше адвокат. Меѓутоа кога за тоа слушнала Јелена, таа со ќерките отпатувала во Кина, како би го разубедила од таа одлука. Јелена најпрво доживеала нервен слом, бидејќи Душко бил решен да се разведе и не сакал помирување. Урлала, плачела, врескала. На крајот Јелена успеала да го сочува бракот и мажот да го принуди да и ги прости гревовите – рекол извор близок до парот.

Тие се договориле да најдат решение и наскоро ќе излезат со заедничко соопштение.

Во него Душко ќе признае дека фотографиите, на кои пејачката е гола, всушност му ги праќала нему, дека некој и ги украл од телефонот, а после ги монтирал – вели извор за Ало.

Како што нагласува нема гаранција дека привидното примирје ќе потрае, но Тошиќ ќе стори се да и пружи нова шанса на Јелена, пред се поради децата.

И во семејството Врањеш се одвива слично сценарио.

Сопругата на Огњен, Данијела, која Огњен ја изневеруваше со Карелуша, но и со Катарина Грујиќ, исто така решила да ја сочува брачната среќа.

Данијела, овие денови патува во Белгија со ќерката, за да му пружи поддршка на Огњен. Решена е да му пружи нова шанса, бидејќи мисли дека покрај се, тој е добар и чесен- рекол роднина на семејството Врањеш и додал дека таа него се уште го сака.

Познато е дека Карлеуша во октомври го претставила новиот ајфон во Србија, и во таа прилика била прашана што би правела кога нејзиниот телефон би бил хакиран. Не насетувајќи што ќе и се случи, ја открила стратегијата пред не цели четири месеци.

Знаете што, јас ќе се вадам на хакери само оној момент кога ќе се појави некоја моја гола слика, а тоа е невозможно – изјавила тогаш пејачката.

Новинарот тогаш ја прашал дали во нејзиниот телефон постои некоја таква фотографија, каде што одговорила потврдно.

Претходна статијаОгњен се уште и праќа пораки на Јелена Карлеуша – Ова е последната провокација
Следна статијаТамара Тодевска го покажа синот Дарен ФОТО