Веќе неколку дена балканскиот медиуми пишуваат за аферата помеѓу Јелена Карлеуша и босанскиот фудбалер Огњен Врањеш, па дел од медиумите од северниот сосед ги запрашале и мештаните од родното моесто на Врањеш, Карановац, што мислат за него.
Тој е вреден и добро воспитан. Израсна во Бања Лука, но тука во Карановац често доаѓа. Најчесто е на имотот кај татко му каде постојано нешто работат, ѕидаат, косат…Синовите постојано финансиски го помагаат својот татко, изјавил еден од соседите.
И во родното место на Врањеш жителите се добро запознаени со акуелната афера, а еве што имаат да кажат околу тоа:
Тоа е завера. Огњен е успешен фудбалер и сега го местат. Во тоа воопшто не веруваме бидејќи таа не е вредна да има такво момче покрај себе, ниту пак нему му е до Јелена, изјавил друг сосед за Курир.рс.
Фудбалерот на Андерлехт, Огњен Врањеш е во целосно животно растројство после скандалот кој го предизвика објавувањето на експлицитните фотографии на Јелена Карлеуша.
По повод овој скандал се огласи и фудбалскиот клуб Андерлехт, за кој игра Врањеш.
Инаку Врањеш неодамна направил голем проблем во клубот, па така е на тенок лед. Прво тоа било поради неговата објава по мечот АЕК – Ајакс, кога јавно го поддржал фрлањето на молотовиот коктел на трибината со холандските навивачи, поради што е казнет, па неодамна клубот решил да не го носи на подготовки, официјално, бидејќи е болен.
Генералниот директор на Андерлехт, Михаел Вершуерен рекол дека ги нема сите информации и дека после тоа клубот ќе донесе следни одлуки по прашање за дефанзивецот.
Се уште истражуваме колку и што е вистина, по што ќе решиме како ќе реагираме, но засега не можам ништо да кажам, бидејќи ги немаме сите информации – рекол генералниот директор на Андрелехт, кој објаснил дека Врањеш се разболел и дека му е лоша крвната слика, па нема да оди на тренизни.
Српските медиуми имаат нови детали ѕа аферата која го тресе регионот. Како што пренесува српски „Курир“, Огњен Врањеш ја посетувал Јелена Карлеуша во нејѕиниот дом на Дедиње.
Пејачката ги лажела своите ќерки Атина и Ника дека Врањеш е всушност нејзин доктор.
Поп/звеѕдата го иѕневеруваше својот маж Душко Тошиќ во нивниот брачен кревет додека тој беше во странство, тврди весникот.
Според извор близок на „Курир“, Врањеш често доаѓал во куќата на Јелена во текот на 2017 година, кога таа имала здравствени проблеми, па било лесно да се оправда пред ќерките дека тоа всушност е нејзин лекар.
Карлеуша во тој период мораше да се оперира од тумор на матката. Тоа беше тежок период за неа и многу ѝ значеше неговата поддршка и внимание. Тој не беше многу среќен што мора да ѝ дпаѓа во домот, но затоа што се јавни личности, тие не можеа да се наоѓаат по хотели или ресторани, вели изворот.
Ова го потврдил и самиот Врањеш кој додал дека во текот на две години кога се гледале, меѓу останатите места, бил и домот на Карлеуша и Тошиќ.