Трет ден во јавноста не стивнуваат вестите поврзани со скандалот помеѓу Јелена Карлеуша и фудбалерот Огнен Врањеш.
По скандалот со фотографии кои си ги објавија двајцата меѓусебно, на виделина протекоа сите скандали на парот.
Медиумите на големо пишуваат и за поранешните неверства на пејачката, но и на нејзиниот сопруг кој многупати беше поврзуван со убави манекенки.
Една од неа е и Македонката Марија Андоновска која пред две години беше фатена во автомобил со Тошиќ во Истанбул.
Скандалот се разгоре деновиве кога медиумите објавија вест дека Карлеуша се разведува од својот сопруг.
Наводно Душко Тошиќ ги видел пораките кои Огнен Врањеш и ги праќал на Јелена, а пејачката се оправдала дека тој е опседнат со неа и ја прогонува без да му даде повод.
На ова босанскиот фудбалер бурно реагираше во медиумите и се закани со објавување на разголени фотографии од Карлеуша доколку таа и Душко и понатаму продолжат да се занимаваат со него.
По низата прозивки во медиумите, Врањеш одлучи директно да им се обрати на медиумите и да признае дека бил во тајна врска со Јелена.
„Почитувани претставници на медиумите, немаше да го сторам ова ако не бев изложен на тортури, обвиненија и закани на моето семејство од страна на госпоѓа и господин Карлеуша. Со оглед на тоа дека се подготвени да направат се само да се одбранат себе си и своето семејство, ја сум подготвен да ја кажам целата вистина, а тоа е следната: Јелена и јас се запознавме преку Инстаграм пред две години и така се започна.
Таму си ги разменивме и телефонските броеви и така започна се ова. За тие две години доживеавме се и сешто. Од заеднички патувања, доаѓања кај мене во Атина, гледања на разни места, па дури и кај нејзе во куќата. Во сето тоа имаше убави и помалку убави моменти. Пресветата Јелена сега глуми јака жена, а преку пријатели и познаници моли и плаче, што е типично за нејзе, кога нешто и треба.
Затоа да утврдиме: јас не сум ниту нејзин фан, ниту психопат, како што таа сака да ме претстави, тоа попрво ќе биде она самата и подготвен сум со докази да го докажам тоа. Никого ниту сум бркал на интернет, ниту сум присилувал, се беше доброволно, на заедничко задоволство. Затоа, господине Карлеуша и госпоѓо Тошиќ, виновникот барајте го меѓу вас, а не кај мене.
Доцна се сетивте на патетиката и спинувањето. Мене ми е многу жал што на сето ова е изложено моето семејство, но ова е единствен начин да ја кажам вистината, а со тоа да се заштитам самиот себе и моето семејство од понатаможни обвиненија. За почеток еве ви еден доказ. Со почит, Огнен Врањеш“, напиша фудбалерот.