Јелена Карлеуша веднаш се залетала во Кина откако нејзиниот наводен љубовник Огњен Врањеш објави експлицитни фотографии од пеачката.
Имено како што дознаваат некои медиуми, Јелена Карлеуша веќе резервирала лет и рано наутро би требала да стигне во Белград.
Дека во домот на Душко Тошиќ се одвивало драма открива негов другар:
– Сношти се слушнав со Душко, тој е целосно изгубен и скршен – вели за весници.
– Душко премногу ја сака Јелена, и поради тоа многу работи и гледа низ прсти, но сега навистина е збунет. Таа му кажува една проиказна, навистина е збунет. Бил сигурен додека целата афера е измислица, додека не почнале да се појавуваат фотографии и снимки. Сега е во тотален хаос, па дури споменува и развод како една од опциите, иако знае дека тоа ќе биде нова траума за и онака разнишаното семејство – вели соговорникот
Изворот исто така кажува дека неможе да предвиди дали Карлеуша и Тошиќ ќе успеат да ја надминат оваа брачна криза, најголема до сега.
– До вчера можев да се заколнам дека ќе останат заедно, но после нашиот разговор… не сум сигурен.
Се је можно
Јелена сега веќе не знае на што е, ниту пак што да прави. Ова целосно ја скрши – рекла нејзината пријателка.
На почетокот на оваа афера и Душко и Јелена тврдеа дека преписката е лажна и дека нивниот брак е поцврст од било кога. Сепак изгледа притисокот е премноу голем и неизвесно е како ќе заврши оваа семејна драма.
Еден близок пријател и поранешен соиграч на Тошиќ открива дека само неколку часа откако во јавноста се појавиле фотките и пораки кои Јелена му ги испраќала на Врањеш, српскиот фудбалер во доверба му побарал контакт со адвокат за разводи.
-Кога целата таа сторија за Јелена со Врањеш започна сите ние кои добро го познаваме Душко рековме дека се ќе помине како ништо да не се случило, доколку не се појават докази. Сепак, испливаа фотки, снимки, пораки и цела Србија ја виде неговата жена со клинец кој во фудбалскиот свет важи за „лево сметало“.
Само ден потоа, излегоа и оние пораки во кои таа на љубовникот му зборува дека мажот на ја е.. добро и дека го гледа како брат, а потоа до детали опишува што сака. Е тука пукна се, раскажал извор близок до Душко за медиумите.
-Само еден час откако на сите можни портали беше објавена преписката на јелена со тој фудбалер, ми ѕвонеше телефонот и видов дека е тој. Знаев дека ме бара за да се распраша за развод и дека „пукнал“. И самиот сум разведен, а добар адвокат ми помогна да го сочувам тоа што сум го заработил и да ги осигурам децата.
Пријатели сме десет години и мојот развод го минавме заедно и се шегувавме дека еден ден и тој ќе се разведе. Како што и мислев, ми рече дека планира да стави точка на бракот и дека веќе не може да издржи, дополнил истиот извор.
Имено, пејачката ја објавила преписката со Врањеш на која може да се види како таа го молеле фудбалерот да го демантира она што го изјавил.
-Оваа шизофреничка будала Огнен Врањеш реагира кога го молам да не ме напаѓа мене и моето семејство. Дури тврди дека против весниците ќе сведочи на суд.
Потоа тргна со монтажа, а потоа на својот Инстаграм и потврдува дека се е фотомонтажа. Неговиот босански број намерно го оставам, напишала Јелена Карлеуша на својот Фејсбук профил.