Го родила на 17 години па го оставила во дом за деца без родители: Се огласи Игор, синот на Ана Бекута

0

Пејачката Ана Бекута својот наследник Игор го родила како гимназијалка на 17 години.

Ана рано станала мајка, многу млада поминала низ тешки моменти во животот, но за среќа брзо успеала да се поврати, и на својот син да му обезбеди квалитетно детство и нормален живот.

Пејачката синот го родила во вонбрачна заедница. Била одделена од своето бебе, а околината ја осудувала. И нејзините родители се нашло на столб на срамот, селото ги озборувало, што неа посебно ја болело.

Сметала дека тие не са за ништо криви. Ана Бекута синот Игор Полиќ по раѓање го оставила во дом за незгрижени деца, а и денес и тешко да се навраќа на ова трауматично искуство.

Игор Полиќ, син на Ана Бекута кој пејачката го родила во 1976 година како тинејџерка, на само 17 години во својата прва исповед вели дека не и замерува на својата мајка што го оставила додека бил бебе во домот за незгрижени деца.

После неколку децении молчење за вистинската семејна драма низ која поминувала неговата мајка, Игор одлучи да проговори на оригинален начин.

Тој прво на Инстаграм објави фотографија на која се тој и неговата мајка додека тој бил бебе.

-„Тоа ми е навистина драг спомен. Фотографијата е стара и малку уништена, но мене ми е навистина драга. Настанала неколку месеци пред да го однесе во дом.“ – вели Игор.

Тој вели дека најтешкиот период на својата мајка отсекогаш го разбирал и ја разбира нејзината одлука.

-„Откако знам за себе знам дека таа била принудена еден дел од животот да биде без своето дете.Тоа никогаш не се криело од мене, ниту на мене остави било какви последици. Мајка ми сето тоа го надомести подоцна, и многу повеќе од тоа. Ние двајца и ден денес зборуваме на таа тема.

Верувајте дека отсекогаш на тој период гледав најнормално. Таман работа на мајка ми да и замерувам што морала да ме даде во дом, никогаш за тоа не и префрлив. Мојата мајка морала да го направи тоа, бидејќи тогаш таков бил законот.“ – објаснува Игор и додава дека со својот татко не е во контакт.

Пејачката никогаш не откри зошто морала своето дете осум месеци да го остави во дом.

-„Сакав да родам дете. Вистина е, им нанесов болка на моите родители, ги посрамив, тоа се стои, поради тоа Игор некои осум месеци помина во дом. Притисокот од опкружувањето беше голем. Плодот од мојата младешка љубов беше крунисан доказ дека сум недостојна, па Господ ме обележи.“ – рекла Ана.

Како што Ана во една прилика истакнала раѓањето на Игор ја забрзало нејзината одлука да се занимава со музика.

-На седумнаесет години имав здрава и зрела одлука да родам дете, што год и да се случи на овој свет. Бев малолетна, односите во семејството, селото, не беа добри. За да се состојбата се смири го дадов Игор во дом. Тој остана таму осум и пол месеци, јас доаѓав на секој десет дена да го видам и се враќав.

Кога сега зборувам за тоа, како да зборувам за некој друг“, раскажува Ана и продолжува:„Дури кога се среди состојбата во семејството, кога на мое инсистирање родителите конечно прифатија да дојдам со Игор дома, го донесов. Беше мај, а јас го прескокнав тинејџерскиот живот и станав мајка која менува плени. Игор беше плод на една врска во која и двајцата бевме незрели и таа врска не резултираше во брак. Гимназијата ја напуштив по втора година, а раѓањето на Игор ја забрза мојата одлука да се занимавам со музиката“.

Денес тие двајца имаат одличен однос, а Игор редовно ја поддржува мака му на концерти и настапи. Ана силно е поврзана со внуците, децата на Игор Соња и Бранко, кои ја поддржуваат нивната баба во се.

Претходна статијаИзненадување за еден хороскопски знак носи утрешниот ден – Дневен хороскоп
Следна статијаДоаѓаат некрстените денови се до Водици: Чувајте се и никако не го правете ова