Потресна исповед на Цеца за затворските денови: Тогаш од министерот побарав само една работа

0

Цеца Ражнатовиќ откри како ги преживеала деновите поминати во затвор во 2003 година, кога во полициската акција „Сабја“ беше уапсена поради поседување големо количество оружје без дозвола и злоупотреба на пари во ФК Обилиќ. Како што вели самата, тоа искуство не би му го посакала ни на најголемиот непријател, а 2003 година и’ останала во најгрдо сеќавање.

„Сите знаат дека во 2000 година доживеав голема трагедија, останав сама со две деца и продолжив да се борам зашто не сум жена што запира пред проблемите. Кога сте мајка, не можете да си го дозволите тој луксуз да паднете во депресија, да ви се менува расположението и мора да црпите сила од сите сопствени ресурси за да опстанете. Не ми беше воопшто лесно. Не дај боже никому да се соочува со таква болка“, вели Цеца во интервјуто.

„Само што малку закрепнав, дојде нов тежок период што не можеше да ме заобиколи, случајот ‘Сабја’. Тоа ми е вториот пекол во животот, огромно јавно понижување и огромна болка. Четири месеци поминав во притвор, ама,за среќа, додека бев таму, не знаев што сè се пишува за мене. Јас решив да молчам зашто никој не го победил молчењето, а времето е најдобар адвокат“, вели Цеца.

Цеца Ражњатовиќ поради случајот „Сабја“ во 2003 година поминала 4 месеци во Централниот затвор, а раскажала детали за кои и денеска се зборува.

Именот, во 2003 година Расим Љајиќ бил министер за човекови права. Расим ја посетил Цеца, а таа тоа никогаш нема да му го заборави.

– Тој го посети тогаш централниот затвор и така дојде до мене. Ме праша онака човечки: Цецо, дали јас за вас можам нешто да направам? Му реков: Да, нормално! Ми треба чупалица за веѓи, раскажала Цеца и додала дека Расим бил шокиран од нејзината скромност.

– Кога станува збор за тој човеk, можам да кажам се најдобро, изјавила Цеца.

По притворот во 2003 година доживеав голема сатанизација на мојата личност. Доживеав неправда. Никому не му го посакувам тоа во животот, ни на најголемиот непријател. Јас на непријателите им посакувам да ја надминат омразата кон мене и да пронајдат мир.

По домашниот притвор, исто така доживеав огромна непријатност и навреди. Фелјтони за мене! А никој не ја знае вистина освен семејството и моите вистински пријатели, што се случуваше, зошто се согласив на домашен притвор. Можеби ќе раскажам еден ден зошто морав да го направам тоа.

Можеби ќе напишам и книга, за зачувам нешто и за себе“, раскажа пејачката, додавајќи во колкава мера да сменило ова лошо искуство:

Секогаш велам: не осудувај го човекот, не си во неговите чевли, не знаеш како му е! Можеби и јас порано ги осудував другите, но животот ме демантира, но сите сме луѓе и може да згрешиме“, заклучи пејачката.

Пејачката истакна дека немала никаква привилегија додека била во домашен притвор.

Предност на носењето алка на ногата за време на притворот е што можеш да ги користиш сите ресурси во домот, т.е. на сиот свој имот, но јас морав да се движам искучиво во дневната соба и по вертикала до спалната.

Знам дека Марко Мишковиќ и мојот пријател Мило Ѓурашковиќ, додека беа во домашен притвор, можеа апсолутно да се движат секаде во својот дом. Дури и да играат фудбал во својот двор, но јас бев осудена само на дневната и на спалната соба. Не ми беше дозволено да се шетам низ целата куќа, што е законски незамисливо. Никого не можев да пречекам на вратата, а имав две бебиња дома.

Според законот, смееш да одиш два часа до градот, но и тоа не важеше за мене. Ако тргнам малку подалеку од пропишаната маршрута, веднаш ми се јавуваат и ми велат: ‘Го нарушивте радиусот на движење!’ Се иживуваа! Осум месеци седев на табуретка и на перници“, заклучи пејачката за „Телеграф.рс“.

Претходна статијаСите ги изненади: Раста им се одмаздува на Ана Николиќ и на семејството по разводот
Следна статијаВаш ден: Утре еден знак што и да посака ќе добие – Дневен хороскоп