Сите ги изненади: Раста им се одмаздува на Ана Николиќ и на семејството по разводот

0

Таман кога сите помислија дека разводот меѓу Ана Николиќ и Стефан Ѓуриќ Раста ќе помине во најдобар ред, без проблеми, сплетки и расправии, почна војната. Имено, освен што се’ уште не ги потпишал документите за договорен развод на бракот, Раста ја прекинал и соработката со својот менаџер Марко Николиќ, кој и’ е брат на неговата бивша сопруга.

-Ана го најавуваше новиот албум, но Раста ја блокира во неговата изработка. Ги повлече песните што ги сработи тој, а сега не може да најде нови соработници бидејќи сите застанаа на негова страна. Ја одбија Буба и Јала, Корона и Римски… (моментално најпознатите рапери во Србија, н.з.).

Освен што не знае што ќе биде со кариерата, Ана се шокира кога и нејзиниот брат остана без ангажман со Раста, објаснува извор близок на оваа двојка, и додава: Ана стриктно се придржуваше до договорот што го постигнаа кај адвокатот. Раста можеше да ја зема ќеркичката кога и ќе посакаше.

Наместо да се разведат мирно и таа да добива алиментација од 2.000 евра месечно, се’ стои бидејќи раперот не ги потпишал документите за развод, иако усно се согласи на се’.

Од адвокатската канцеларија на Боривоје Боровиќ потврдија за „Свет“ дека раперот веќе еден месец нема време да дојде и да ги потпише документите за договорен развод на бракот, иако пејачката одамна го направила тоа.

Контроверзниот рапер Стефан Ѓуриќ Раста има нова девојка, пренесуваат српските медиуми. Ни мастилото од потписот на документите за развод не стаса да се исуши, а екипата на „Папарацо-лов“ го сними во друштво на атрактивна црнка.

Оние што добро ја познаваат неговата бивша сопруга Ана Николиќ тврдат дека со овој потег раперот засекогаш ја затворил вратата кај пејачката со која ја има ќеркичката Тара.

Претходна статијаВечерва на полноќ почнува голем и тежок празник – Еве што треба да правите утре
Следна статијаПотресна исповед на Цеца за затворските денови: Тогаш од министерот побарав само една работа