(ФОТО) Среќа: Вереницата на Дарко Лазиќ откри дали носи син или ќерка

0

Дарко Лазиќ го очекува првото дете со вереничката Марина Гагиќ а двојката дозна дека ќе добие син.

Марина секојдневно поминува време со Дарко во бањата во Младеновац каде тој оздравува од сообраќајката која ја доживеа пред скоро три месеци.

Тие двајца ја открија убавата вест дека чекаат синче. а Марина денес објави и прва фотка од ултразвукот.

-Среќа-порача Марина.

Иако оваа година ги потпиша документите за развод од Ана Севиќ, српскиот пејач Дарко Лазиќ веќе е подготвен повторно да заплови во брачните води со неговата девојка Марина Гагиќ, со која неколку месеци е во врска.

-Многу сум среќен и не можам да кријам колку сум заљубен во Марина. За брак со нејзе размислувам се повеќе, само чекам малку се` да помине, не треба да се брза. Убаво ни е и вака, а кога ќе дојде време за брак, добредојден, вели Дарко и додава:

„Едвај чекам да ми роди син. Многу сакам деца и сега кога велам син се шегувам, но едвај чека повторно да станам татко и не е важно дали ќе биде момче или девојче“.

Екипата на „Примиера- викенд специјал“ го посети Брестач, родното место на Дарко Лазиќ.

Репортерот Немања Вујиќиќ разговараше со братот и бабата на Дарко.

Драган опиша како изгледала средбата со Дарко откако се разбудил од вештачка кома.Во таа прилика, пејачот сакал да ги слушне сите детали, но за да не се вознемири не му го покажал автомобилот.

Лазиќ откри дека не се слушнал со неговата некогашна снаа Ана Севиќ, но и дека на свршеницата на Дарко, Марина Гагиќ поради вирус и е забранет влез. Драган исто така објасни дека ќерката Лорена не знае за сообраќајната несреќа.

Освен семејната куќа во Брестач, се наоѓа и недоградена куќа, а според изјавите, Дарко ја градил таа куќа пред и по бракот со Ана. Според информациите тој планирал во ова куќа да живее со Марина.

Претходна статијаЕмина Јаховиќ со солзи во очите за бракот со Мустафа: За 15 минути ставивме крај на нешто што траеше 14 години
Следна статијаСвекрвата на Карлеуша ретко се појавува во јавноста – живее многу скромно ФОТО