Наум Петрески: Немаше посреќен човек од мене кога дознав – внуката нека биде убава на мама

0

Бременоста е еден од најубавите периоди во животот на една жена, а тоа се познава дури и по самиот изглед, не за џабе се рекло дека трудниците имаат некој посебен сјај и се едноставно неодоливи.

Анастасија Петреска ќерката на познатиот македонски пејач Наум Петрески неодамна откри дека го чека своето прво дека заедно со својот избраник Владимир.

Анастасија се сврши со Владимир Поповски, пејачот на групата „Биоритам“, со кого е во врска две години, но тие велат нема да прават класична свадба туку забава откако ќе се роди ќерката. Бебето треба да се роди во март и можно е забавата да биде двојна- и венчавка и крштевка, велат пријатели на двојката.

И дедо Наум е пресреќен за оваа вест па изјави дека воопшти не му било битно дали ќе се роди внук или внука, но е пресреќен што сепак ќе добијат мало девојче кое ќе биде убаво на мама.

„Многу сум радосен, немаше посреќен човек од мене кога Анастасија ми соопшти. Воопшто не ми беше важно дали ќе ни се роди внук или внука, но пресреќен сум што таа ќе роди девојче. Нека биде убава на мама и талентирана за музика на мама и на тато“, изјави Петрески.

Наум Петрески е македонски пејач роден во Охрид. Настапувал на речиси сите фестивали во Македонија и на голем број во странство, а одржал голем број на концерти ширум светот. Испеал многу антологиски македонски песни, меѓу кои „Филизо, моме Филизо“, „Ајде сонце зајде“, „Зајди, зајди јасно сонце“ и други.

Едни од неговите најголеми хитови се: „Жал за Деспина“, „Има ли песна“, „Лазарополе“ и други. Досега објавил 4 албуми, а последниот, со кој го одбележал 25- годишниот јубилеј, го реализирал во 2010 година под наслов „Оди ѕвездо“. Оженет е со познатата македонска фолк пејачка Зуица Лазова со која живеат во Скопје.

Фолк ѕвездата Наум Петрески отвори гостилница ,,Кај Науме”, лоцирана на улица Киро Крстевски – Платник 22, во Скопје. Популарниот пејач вели дека локалот не го отворил за да има некаква финансиска сигурност на стари години, туку поради тоа што сакал да има едно топло катче со душа, каде ќе се дружи со своите пријатели и сите љубители на неговите песни и на добра храна.

,,Отсекогаш сум бил гурман, но и голем меркалија во кујна. Знам да приготвувам разни специјалитети од риба и месо на најразлични традиционални начини, а моите пријатели се сведоци на сите мајстории во кујна, кои сум ги приготвил за време на наши дружби.

Посебно сум искусен во приготвување на риба, јагула и крап, кои што ги има на менито во гостилницата како специјалитет на куќата.

Главниот специјалитет го нареков ,,Наумче” иако ми предлагаа да направам мени, каде храната ќе ги носи имињата на моите најголеми фолк хиторви. Не знам, можеби наскоро ќе имаме и некоја закуска со име ,,Жал за Деспина”, уште го комплетираме менито” – вели Петрески.

Тој додава дека сите рецепти на менито ги измислил самиот во годините наназад, а поради неговите кулинарски вештини, блиските го споредувале со познатиот британски готвач Џејми Оливер.

,,Моето потекло од Струга ми е од голема важност кога е приготвувањето на риба во прашање. Искомбинирав стари рецепти од моите предци со новитети кои самиот ги осмислував во кујна, но во гостилницата има и се друго покрај рибата. Традиционална подзаборавена македонска храна, скара, разни јадења во тавче…

Претходна статија18 години по свадбата Драгана Мирковиќ ги открива причините зошто нејзините родители не присуствуваа
Следна статијаСудбината му има подарено дарба на секој знак: На Близнаците знаењето, на Вагите љубовта