Познатата македонска фолкерка заврши во болница ФОТО

Фолк пејачите моментално го имаат најактивниот период со настапи на предновогодишните прослави и снимања новогодишни емисии.

Атрактивната фолк пејачка Сани Апостоловска скоро и да нема слободна вечер кога се настапите по локалите, кафеаните и ноќните клубови во прашање. Особено, викендите каде нема „игла кај да падне“ кога Сани пее… А пее – „растура“… Ама и топ изгледа.

Сани важи за една од најбујните пејачки од народната музичка сцена, а медиумите не ретко знаат да и ја дадат титулата за пејачка со најраскошна предница.

Сани и тоа како е свесна за своите атрибути, а иако неодамна стана мајка по вторпат, тоа воопшто не се одрази на нејзината линија.

Мајката природа како да сакала дополнително да ја дарува во поглед на раскошот, а таа тоа го истакнува најдобро што може и умее, па дури и кога не сака.

Па така, секој нејзин настап е со смислен впечатлив стајлинг од кој е празник за очи за гостите онаму каде пее.

Секоја вечер им е турбо до раните утрински часови за што секако е потребна многу енергија.

Фолк пејачката Сања Апостоловска –Сани важи за една од најбараните, но деновиве таа веројатно ги потроши батериите и заврши во болница.

На социјалните мрежи Сани објави фотографија легната на болничкиот кревет со инфузија во раката, но со насмевка на лицето, па дури и шминка.

„Епа и ова се дешава“- напиша Сани во описот на фотографијата.

Веруваме дека што и да и се случило, брзо ќе помине, а таа ќе се врати со полна пареа пред својата публика.

Вистина.мк