Глумицата Асли Енвер му била љубовница на фудбалерот Душко Тошиќ, сопругот на Јелена Карлеуша, тврдат турските медиуми, а веста ја пренесе порталот „Дневник.хр“.
Наводно, аферата се случила лани, додека Душко играл за „Бешикташ“. Според турските медиуми, Душко неодамна бил во Истанбул и повторно се сретнал со Асли.
Познатата турска актерка Асли Енвер, беше видена од страна на турските новинари како излегува од еден ресторан во Истанбул, па не ја пропуштија шансата да и постават неколку прашања во врска со шпекулациите за неа и фудбалерот Душко Тошиќ.
Во Србија испаднаа вести дека имате нешто тајно со Душко Тошиќ. Што велите на тоа?, праша новинарот.
-Навистина не знам што да ви кажам за тоа, него не го ни познавам, се случува да се пишуваат такви вести, изјави Асли.
Но знаеме дека сте голем фан на Бешикташ, што помисливте кога ја видовте оваа вест?
-Да сум навивач, Многу ми е смешна таа вест, завршува убавата актерка во врска со шпекулациите.
Асли во Турција е позната по улогата во серијата „Истанбулската невеста“. Таа е во врска со музичарот Мурат Боза.
Јелена и Душко, пак, засега не ги коментираат јавно пишувањата на турските медиуми.