Српската пејачка Злата Петровиќ пред неколку години дожива непријатност поради нејзиното деколте, поради кое Саша Поповиќ ја исфрли од Гранд.
Таа вели денес многу млади колешки полуголи пејат на сцената, а тоа не му пречи на никого.
За српските медиуми признава дека сепак не му се лути на Поповиќ и дека голотијата е карта за влез на сцената.
Познато е дека директорот на Гранд продукцијата Саша Поповиќ сега е среќно женет човек кој е во долгогодишен брак со пејачката Сузана Јовановиќ, но пред тоа запросил уште една позната фолк пејачка.
Имено, пред бракот со Сузана, Поповиќ бил маж на глас – успешен, духовит и талентиран па по него лудуваа бројни дами, а и он очигледно не бил имун на нив.
Една од припадничките на естрадното милје, Злата Петровиќ признала дека во дамнешната 1989 година добила брилијантски прстен од Саша која ја запросил.
-Сале многу ме сакаше, долго патеше по мене откако раскинавме… Ме запроси на мојот роденден. Се сеќавам пред сите гости тој извади брилијантски прстен , а јас толку се шокирав што му го фрлив во лице.
Поповиќ е совршен маж, но ме запроси во погрешно време. Бев млада, имав 27 години, а две години пред врската со Поповиќ се бев развела од Хасан Дудиќ“, раскажала пејачката.
Тие двајца и дене денес се во добри односи иако секој живее свој живот.
Пеачката од Србија Злата Петровиќ вели дека многу сака нејзините деца да зборуваат и ромски а не само српски јазик.
Таа е мајка на Мики и Јован , и вели дека ромскиот јазик е дел од нејзината традиција , со тоа што сака да ги научи своите деца на својата ромска традиција и да не се срамат од тоа.
„Јас сум среќна на тоа дека сум Ромка и во мене тече ромска крв„ вели Злата за српските медиуми.
Таа вели дека нејзините ромски колеги кои се срамат од своето ромско потекло и нивните деца ги учат да зборуваат само српски заборавајќи на своите вистински корени.