Македонската пејачка за влакно ја избегна несреќата кај Лесковац: Во последен момент ја предомислил Бреговиќ

0

Пејачката Васка Јанковска требала да биде дел од патниците во автобусот кој изминатиов викенд тргна од Прилеп накај Виена, а на патот Лесковац-Ниш излета од патот, при што три лица настрадаа, а 32 се повредени. Внатрешно претчувство вели таа, и нејзиниот догогодишен пријател и соработник Горан Бреговиќ ја натерале да не се качи во автобусот.

Јанковска ја испеа легендарната песна „Ерделези“, која ја напиша Бреговиќ, насловната тема од филмот „Дом за бесење“ на Емир Кустурица, и долги години беше дел од бендот на Бреговиќ, како придружен вокал. Викендов, Васка требаше да замине на неговиот концерт во Белград, во „Штарк Арената“.

Долго време се немавме слушнато со Горан, и кога му се јавив се расплакав од среќа. Му реков дека сакам да дојдам во Белград на концерт, но се мислам дали да тргнам по ладното време. „Седи си дома, што ќе доаѓаш по ова невреме и снегови? На 22 март ќе имам концерт во Скопје, тогаш ќе се видиме“, ми рече Горан“, ни раскажа пејачката.

„Некое внатрешно претчувство ме натера да не се качам на тој автобус, а и зборовите на Горан ме пишманија. Се обиде да ме спречи и мојот долгогодишен пријател, продуцентот Мирослав Гајиќ од Србија.

Колку ми е жал за луѓето кои настрадаа во оваа несреќа, ама ете, сум можела и јас да бидам една од нив. Бреговиќ и неговиот тим обезбедиле билети за концертот во Белград за дел од семејството на Васка кое живее во Србија.

Целата сторија може да ја проследите на Женски Магазин.мк

Претходна статијаМукаетов: Ми беше срам од неуспехот против Грција – тоа беше дното
Следна статијаМакедонската поп пејачка ја расплака Македонија: Напиша многу емотивна порака