Драган Стојковиќ Босанец воопшто не е по потекло од Босна бидејќи татко му е од Лесковец, а мајка му од Шабац, па Саша Поповиќ го интересираше какви врски има Драган со Босна и од каде му е прекарот.
„Музикалноста ја добив од мајка ми и татко ми, а тоа што сум роден во Сараево и израснав во Коњица и се занимавав со музика на еден интересен начин, тоа е друга работа.
Го добив прекарот Босанец во Белград бидејќи не се срамам од детството и младоста“, рекол познатиот продуцент, композитор и хармоникаш.
Весна Змијанац и Драган Стојковиќ Босанац додека соработувале заедно направиле големи хитови, а се шпекулирало дека меѓу нив имало повеќе од сорабтока.
Имено, 1986 година Весна издала албум „Dođi što pre“ со помош на композиторот и аранжерот Драган Стојковиќ – Босанац кој за само месец дена продал повеќе од 400.000 примерока.
После овој успех се шпекулирало дека Весна Змијанац не можела да одолее на тогашниот шмеќер.
– Тоа е застрашувачка приказна и нема тука одлеала или не. Јас само на Весна и направии, како што самата вели, еден од најдобрите албуми во нејзината кариера и потоа таа хистерија крена дали јас и таа имаме нешто, но и да сме имале на кому му смета, глупо е сега да се зборува после толку години за тоа.
Кога излезе таа плоча која јас ја направив, од осум песни, имаше седум хитови, рекол Босанац на таа тема.