Исповед на нашинец од Швајцарија – За жал, Македонците најчесто го работат тешките физички работи

0

Борко Веселиновски како младо момче ја напуштил Македонија, но не ја заборавил својата земја. Семејството, пријателите, родната грутка, носталгијата, биле пресудни дел од бизнисот да пренесе и во Македонија. Според него за добар и успешен бизнис, администрацијата во Македонија мора да сфати дека таа мора да биде во служба на бизнис секторот а не обратно.

Дваесет и седум години ја пишува својата успешна приказна во Швајцарија, делчевецот Борко Веселинов. Меѓу делчевци важи за еден од најуспешните бизнисмени и наши иселеници кој успеал да напише успешна иселеничка приказна. Кога заминал во Швајцарија како дваесетгодишно момче, не помислувал дека животот ќе го гради во туѓина, но плановите и реалноста во земјава се две различни нишки кои, сепак, биле пресудни тој да остане во Швајцарија.

„Ситуацијата кај нас во Македонија од економска гледна точка во континуитет, не се подобрува многу. Кога ќе добиеме работно место, кога формираме семејство, веќе тука ги пуштаме сопствените корења, на тлото кај што си заминал и мислам повеќе и не го поставуваме прашањето кога ќе се вратиме назад. Во Швајцарија имам фирма за ентериер, или поточно за технички тавани и подови. Фирмата е мала, многу повеќе работам логистика за големи компании“, вели Веселинов.

За жал, Македонците најчесто го работат тешките физички работи

Борко живее во Монтро во Швајцарија, во областа на Лозана, каде има околу 2-3 илјади Македонци, најмногу од Делчево, но и од Струмица.

„За жал ќе морам да кажам, македонската дијаспора не е една од подобрите, мислам на капацитетот на работната сила. Значи еден голем дел доаѓаат сезонски, најмногу да работат тешка и физичка работа, како лозја, градежништво“, образложува Веселинов.

Носталгијата го влече и овој човек за родната грутка за старите родители и пријатели, затоа и отворил фирми во Македонија, од областа на градежништво, но и угостителство.

„Но, искуството од условите за бизнис во Швајцарија и овие во Македонија се многу различни, дури депримирачки и за тие кои имаат намера тоа да го направат“, вели Борко.

„Од мое гледиште кога сум поминал 27 години во Швајцарија, разликите се големи, потенцијалот е многу мал во Македонија, администрацијата мора да сфати дека е во служба на бизнис секторот на граѓаните и не се број 1 во таа приказна, и таа треба да биде сервис на граѓаните“, смета Веселинов.

Целиот текст прочитајте го на Канал 77

ИЗВОРКанал 77
Претходна статијаСергеј Варошлија распали и по Јелена Спенџарска – Ова лице не може ништо да продаде
Следна статијаПоранешниот претседател на Иран сега чува овци – сопругата му е хигиеничарка