„Денес залче во уста не сум ставил, можете ли да ми дадете некако гладта да ја ублажам“

Ден вчерашен. Пријателска фудбалска средба на градскиот стадион во Штип. Играат меѓу себе Брегалница и аматерскиот клуб Кежовица. Фудбалерите на Кежовица доаѓаат на стадионот еден по еден, според тоа кога им завршува работното време, или часовите во училиштата и факултетите. И како доаѓаат така влегуваат во играта. Но, сите добро подготвени да и се спротистават на силната Брегалница. Се борат до крај, довија заслужен аплауз за играта.

Пред почетокот на средбата , еден случај заслужува да се одбележи. Ни го раскажа домаќинот на клубот на почетокот на средбата..„ „Дојде задишан, но гладен. Ми рече дека денеска залче во уста не ставил . Можете ли да ми дадете некако гладта да ја ублажам.

loading...

Му дадов две јаболки и ги изеде. Неколку пати ми се залагодари на услугата. Видете го младото момче кака игра, колку трча… Можеби најдобар е на теренот,…“- ни зборуваше домаќинот.

Сите ние кои го слушавме домаќинот на клубот, ја следевме играта на момчето. Црномурестото момче навистина беше одлично, трчаше 90 минути, акциите се одвиваа и преку него кон голот на Брегалница.

Ете, како поединци ја сфаќаат фудбалската игра,како со љубов играат, макар и гладни.. Понекогаш и така се успева во фудбалот.. Многу сегашни фудбалски ѕвезди во светот така станале и добри спортисти, иако тоа не значи на таквите спортисти не треба да им се помага…

loading...