Ќе мора на уште една операција – маките на Дарко продолжуваат

0

Закрепнувањето на Дарко Лазиќ кој веќе неколку дена се наоѓа во Институтот за рехабилитација Селтерс, тече побавно од планираното, бидејќи лекарите откриле дека во несреќата, освен преломот на бутната коска и колкот, се здообил и со нагмечување на стапалото.

Така, иако било планирано Лазиќ секој ден да оди на физикална терапија, како што побрзо би застанал на нозе, тоа нема да биде можно се додека лекарите не го оперираат стапалото на Дарко.

Дарко по се судејќи ќе мора да оди на уште една операција, а тоа ни малку не му се допаѓа. Првично нагмечувањето на стапалото не било забележано, но кога во Селтерс го кренале на нозе било јасно дека нешто не е во ред. Штом застанал нозе почнал да запомага. На мајка му се жалел на неиздржлива болка во стапалото. На рендген е утврдено дека Дарко не само што го нагмечил стапалото туку и дека повредените коски му зараснале погрешно.

Сега има две опции. Или да почека уште малку да види дали ќе може да гази на стапалото, или да оди на уште една операција, каде зараснатите коски ќе му бидат скршени и правилно наместени- тврди извор од Инстутот Селтерс.

Претходна статијаДарко Лазиќ разочаран: Мислев дека ми се пријатели
Следна статијаПет хороскопи ги очекува голема љубов зимава