Магдалена Цветковска која летово го промовираше видеото за темата „Ко да нема утре ден“ откри дека наскоро ќе го објави новиот албум на кој периодов работела во домашното студио заедно со брат и Лазар Цветковски кој се појавува како аранжер на сите песни.
Оваа година беше доста успешна за мене, почнав да работам на новиот албум и наскоро ќе го промовирам материјалот. Како најава за него ја пуштив темата “Ко да утре нема ден” за која снимив и видео, публиката одлично ја прифати песната и тоа ме прави најсреќна”, откри пејачката која неколку години беше дел од групата „4Плеј”.
Тетовчанката освен што се дружи со микрофонот, исто така, пишува и песни, а меѓу најдрагите и е темата “Жена како ти” која ја испеа Лозано, како и рефренот “Нисам те због лепоте волео” на Жељко Јоксимовиќ.
Сакам да пишувам. На тој начин ги искажувам моите емоции. Многу ми е мило кога некоја песна што јас сум ја напишала за некој колега ќе стане хит. Тие песни ги доживувам како свои и заедно со нив се радувам на секој успех.
Музиката е како љубовта, колку повеќе даваш, толку повеќе ќе ти биде возвратено. Не се штедам кога правам музика”, додаде Магдалена.
Извор: Убавина и здравје