Пејачката трпела силни главоболки со денови и на крај морала да посети лекар. Итно и бил направена скен на главата во една приватна клиника, каде што пристигнала многу исплашена, објави доцна вчеравечер, 07.12.2018 г. порталот „Глоси“..
Сосопственичката на “Гранд продукција” минатата недела се борела со напади на мигрена, поради што таа се испаничила и одлучила детално да се испита.
Како што дознава српски Курир од свои извори, пејачката првпат му се јавила на својот лекар и добила терапија од аналгетици, но нивниот ефект бил краткотраен и незначителен. Потоа третманот продолжил со инфузии.
„Во вторникот попладне, Брена се јави во нашата клиника и не замоли да и се направи скен на главата што е можно поскоро, бидејќи таа трпеше силни главоболки. И закажавме снимање за следниот ден – претпладне. Таа дојде кај нас и му се пожали на докторот дека неколку пати ги менувала терапиите, од кои болката и се намалувала, но брзо се враќала.
Сакаше да биде сигурна дека не е ништо сериозно, бидејќи нејзиниот лекар ѝ рекол дека веројатно има воспаление на синусите. Снимката траеше околу 20 минути, а резултатите беа готови за помалку од еден час, бидејќи Брена побара да го добие извештајот истиот ден. Таа беше вознемирена и загрижена, што и се очекуваше, но не паничеше“ – изјавил соговорникот на Курир. За среќа, скенерот покажал дека нема место за страв и загриженост, но долготрајниот третман е задолжителен, бидејќи синусното воспаление кај пејачката е многу силно.
„Сите нејзини синусни канали и беа практично затворени, не знам како таа успеала толку долго да ги издржи болките. Во такви случаи, на пациентите понекогаш им вршат хируршка интервенција, но кај неа нема потреба од хируршка процедура. Нашиот оториноларинголог по испитувањето откри дека третманот мора да продолжи со силни антибиотици и лекови за лачење на секретите, со задолжителни инхалации секој ден. Контролата е закажана за една недела и ќе видиме каква е состојбата“ – тврди изворот.
Новинарите на Курир ја побарале Лепа Брена, но таа не се одзвала на нивните повици – пишува српскиот портал Глоси. Да се надеваме дека Брена ќе го санира своето здравје па ќе може да пее и нема да дојде до откажување на закажаните концерти, вклучувајќи го и оној во Скопје што треба да се одржи на 15 декември во ВИП Арената „Борис Трајковски“.