Вчерашните блокади во центарот на Скопје, предизвикаа огромни негативни реакции кај учесниците во сообраќајот. Особено што, на блокадите стоеја само по неколку луѓе.
Зошто им се дозволува да блокираат на Филип и Јанко, кога не можат да соберат ни по десет луѓе? Нема ли минимум бројка на луѓе кои можат да застанат и да блокираат? Можеме ли јас и жена ми да најавиме блокада и да застанеме да блокираме раскрсница, беа само дел од коментарите.
Свој пост и фотографии постави и Професорката Најчевска:
“Ова значи дека министерот за внатрешни работи ги испратил полицајците да го блокираат сообраќајот во Скопје. Ма кој кретен треба да си за да дозволиш вакво нешто.
Дај бре тргнете го попот од раководното место во полицијата заедно со сите корумпирани кадри од времето на Мијалков кои се уште ведрат и облачат во министерството.”