Само што членовите на семејството на Дарко Лазиќ помислија дека веќе немаат проблеми и дека заздравувањето на Дарко оди по нагорна линија, се случила непредвидлива ситуација.
Тој е убеден дека сите му работат за главата, дека сакаат да го турнат во пропаст, да го уништат. Не верува дека било кој сака да му помогне и се сомнева во сечија добронамерност. Сето тоа е поврзано со апстиненцијата од опијати, но и со долговите кон лихварите, кои не го оставаат на мир ни во ваква ситуација – раскажал извор близок на семејството Лазиќ.
Тој додава дека родителите мислеле дека станува збор за минлива фаза, па со него разговарале секојдневно како би му ги избришле црните мисли од главата.
Дарко прво мислел дека сообраќајната незгода му е подметната и дека некој сакал да го убие. Оптоварен е и со тоа како луѓето го доживуваат после нереќата, но и со сите текстови кои се однесуваат на неговите пороци. Убеден е дека сите го оговараат и омаловажуваат. Дека сплеткрат против него- раскажал близок пријател на Лазиќ.
Неговото семејство се посоветувало со лекарите за стравовите кои ги имал Дарко, кои им препорачале да ангажираат добар психолог или психијатар.