Во јавноста и медиумите неодамна се појави приказната дека Марјана Станојковска е во врска со поранешниот кошаркар Пеце Наумовски, а први веста ја пласираа ТВ емисијата „Ексклузив“ на 1ТВ. Потоа, следеа и прилозите дека Марјана е бремена, како и папарацо снимките од нивниот лет кон Милано.
Марјана, како и Пеце за целото тоа време ниту еднаш не се огласија во медиумите или на социјалните мрежи да потврдат или демантираат за објавеното. Па така, екипата на емисијата реши да ја зачека Марјана со камера пред работното место и да ја прашаат околу се. На прашањето како си поминавте во Милано со Пеце?, таа вели:
-Не сакам да коментирам на оваа тема ништо, да сакав ќе искоментирав и ќе се јавев. Добро стојам со сите од вашата емисија и ќе упатам поздрав, но навистина не би сакала ништо да коментирам во однос на тоа се што се зборува. Можам да зборувам за она што го работам, за она што е ново на професионален план , но не би сакала да откријам ништо во однос на мојот приватен живот. Само можем да кажам дека се е „ок“ и среќна сум.
A дали си бремена?
-Ајдее Боже. Не коментирам, не коментирам стварно. Ќе останам без коментар и воздржана!