Кили повторно фати гитла од Македонија – откри каде се наоѓа

0

Актерот Кирил Поп-Христов-Кили, откако пред повеќе од една година се врати во Македонија е секогаш интересен за медиумите.

Во 2014 година, тој со сопругата Гордана Деан Поп Христова и ќерката ја напушти Македонија и се пресели во градчето Олон, Еквадор, во Јужна Америка.

Одлуката да се пресели ја донел уште додека ја одлежуваше затворската казна за одгледување на канабис, за кој за време на судењата постојано повторуваше дека го одгледува за да му ги олесни проблемите со ракот на коските. „Во Еквадор дишам слободно“, изјави актерот тогаш.

Лани, Кили по неколку години пауза повторно се појави на манифестацијата „Златна Бубамара на популарноста“ и беше прчекан со овации од публиката. Сега, Кили води мирен живот подалеку од очите на јавноста. Не сака да дава интервјуа како во времето кога се врати од Еквадор, а во моментов е во Австрија.

Претходна статијаАстролозите прогнозираат: Овие 4 знаци во 2019 дефинитивно ќе бидат најсреќни
Следна статијаНе е се така добро за Дарко Лазиќ: На пејачот во бањата драстично му се променила состојбата